Германскиот канцелар Шолц вети поблиски одбранбени врски со НАТО-сојузникот Туркије

October 19, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц за време на неговата посета на Истанбул денес вети дека ќе ја зајакне одбранбената соработка со НАТО-сојузникот Туркије, известува Анадолу.

Говорејќи на заедничката прес-конференција по средбата со турскиот претседател, Шолц потврди дека неговата влада неодамна одобрила испорака на одредено оружје и воена опрема за Туркије.

„Туркије е сојузник во НАТО и во тој контекс ние носиме одлуки кои водат до конкретни испораки – тоа се подразбира. Неодамна донесовме такви одлуки, а ќе има уште во иднина“, рече Шолц.

Запрашан во врска со интересот на Туркије за купување на авионите „Еурофајтер Тајфун“, Шолц рече дека во моментов се водат разговори меѓу Велика Британија и Туркије за потенцијална продажба.

„Има проекти кои се само во почетната фаза. Овој што го споменавте го води британската влада. Преговорите сега започнаа. Во таа смисла, тоа е нешто што ќе продолжи да се развива”, рече Шолц и додаде:

„Воените авиони ‘Еурофајтер Тајфун’ се заеднички производ на Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија. Вклученоста на Германија во производствениот процес изискува нејзино одобрение за конечно да продолжи продажбата.“

Германската продажба на оружје на Туркије во последниве години беше во голема мера блокирана од Партијата на зелените, коалициониот партнер на канцеларот Шолц, поради внатрешно-политички притисоци и различните ставови за надворешната политика.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ѓоковиќ во последниот меѓусебен меч го победи Надал

Следно

Во болницата во Гостивар донесено починато четиримесечно бебе

Latest from Blog

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким
Go toTop