Германија: Минатата година забележан сериозен раст во нападите врз мигрантските домови

March 2, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Во Германија во 2022 година е забележан сериозен раст во нападите врз мигрантските домови, пренесува Анадолу.

Според весникот „Ноје оснабрикер цајтунг“, врз основа на одговорот на германското Министерство за внатрешни работи на прашањето на Левицата, минатата година биле извршени 121 напад врз мигрантските домови.

Во веста се наведува дека во 2021 година биле регистрирани 70 напади врз мигрантските домови, и дека забележан е раст од 73 отсто во овие напади во 2022 година, во споредба со претходната година.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Германија, покрај бегалските домови, во 2022 година биле регистрирани 1.248 напади врз бегалци или мигранти.

Оваа бројка покажа дека скоро секој ден најмалку тројца бегалци или мигранти биле жртва на напад.

Во 2021 година, покрај нападите врз мигрантските домови, 1.259 напади биле извршени врз бегалци или мигранти.

Како резултат на Руско-украинската војна, во 2022 годна во Германија дојдоа над 1 милион украински бегалци, а околу 218.000 од нив поднеле барање за азил.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Азербејџанецот кој инспирира милиони за помош на жртвите од земјотресот во Туркије се сретна со претседателот Ердоган

Следно

(Фото) МВР со детали за починатиот маж пред банка во Аеродром

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop