Муцунски ги најави трите приоритети на Амбасадорскиот совет

August 20, 2026
1 min read

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои денеска ќе им бидат презентирани на членовите на Амбасадорскиот совет, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Амбасадорскиот совет денес и утре се одржува во Скопје. На него учествуваат шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство, а Муцунски, како и премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на првата сесија треба да ги пренесат државните приоритети нашите амбасадори и генерални конзули.

„Прво е заштитата на македонските национални интереси. ​Второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија, но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија. ​Третата е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници — независно дали се тоа Македонци коишто живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани коишто патуваат заради различни причини. И во таа смисла тука зборуваме пред сè за конзуларните услуги и потребата од нивна модернизација, подобри услуги за Македонците надвор од границите на државата“, изјави Муцунски.

Прашан за кои пазари гледа најголем потенцијал, Муцунски со одговор дека нема никаква дилема оти клучен наш пазар за економска соработка се земјите во Европската Унија.

„Тој ни е најзначаен трговски партнер – земјите членки на Европската Унија. Но, еднакво значајно во последниот период и импетусот, којшто го даваме насочен кон засилена трговска соработка со Соединетите Американски Држави. Скоро беше тука во посета претседателката на Индија. Индија исто така е еден значаен пазар. Земјите од Арапскиот Залив се исто така земји со коишто гледаме интерес и гледаме засилена соработка во следниот период. ​Така што, секако примарна ни е соработката со оние традиционални трговски партнери, но отвораме можности и за нови пазари и тоа се дел од приоритетите на нашите дипломатско-конзуларни претставништва“, рече Муцунски.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првата конференција за пазарна експанзија на македонските брендови ќе се одржи во Скопје

Следно

Се продава цел австралиски град по цена за еден стан низ Европа

Latest from Blog

Лесно е кога Елмас ќе даде гол, Аталанта убедливо победи, фаворитите немаа проблеми

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна најбрзиот гол во изминативе три дена во трите натпреварувања на УЕФА. Елмас погоди за водство на Аталанта во Бергамо кога по само 46 секунди даде гол

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и
Go toTop