Гатузо: Неумесно е да се споредуваат италијанските клубови со англиските

March 20, 2023
1 min read

Поранешниот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо проговори за нивото на Премиер лигата и Серија А.

– Тешко е да се игра против италијански тимови, но споредбата со англиските клубови е несоодветна – тоа е поинаков свет. Премиер лигата е НБА за фудбалот. Во Италија повеќе не можам да купувам силни играчи, како пред 20 години. Треба да измислиме нешто со младите играчи. Годината кога го тренирав Наполи, ја пропуштив Лигата на шампионите иако освоивме 77 бода. Веќе неколку години треба да дадете се од себе, го цитира Гатузо „Фудбал Италија“.

Четириесет и петгодишниот Италијанец работеше во Наполи од 2019 до 2921 година. Последната работа на специјалистот беше Валенсија, која ја напушти во јануари 2023 година.

Во тековната сезона во четвртфиналето на Лигата на шампионите се пласираа три екипи од Италија, две од Англија, по една од Шпанија, Германија и Португалија, по што пораснаа „акциите“ на калчолигашите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

Следно

Франција: Вандали уништија џамија што требаше да се отвори во текот на Рамазан

Latest from Blog

Ливерпул во трка за играч на Борнмут за кого е заинтересиран и Сити

ФОТО: FC Liverpool/FB Ливерпул отвори формални преговори со Борнмут за евентуален трансфер на Антоан Семењо, според извори од Островот . „Црвените“ наводно разговараат за условите на трансферната цена. 25-годишниот Семењо е во

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со повик до Македонците во Албанија да се самоизјаснат за Македонци

Драги сограѓани Македонци во Република Албанија, Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви се обраќа со овој отворен и искрен повик, во момент од особено значење за афирмацијата на нашиот идентитет, достоинство и права како
Go toTop