Гаши за интерпелацијата: Ова е одраз на демократијата, пратениците да гласаат според своето лично убедување

September 2, 2024
1 min read

Среќен сум што имам можност да зборувам за интерпелација за да објаснам некои работи што во јавноста беа искажани, истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши во интервју за ТВ Сител во пресрет на утрешната интерпелација.

Според него, ова е одраз на демократија и демократските процеси во една една држава.

-Убаво е да имаме различни мислења, тоа е суштината на демократијата. Би било лошо да има едноумие и тој систем сме го поминале. Многу сум среќен што утре ќе имам шанса да одговорам пред јавноста за се што беше засегната и заинтересирана, рече тој.

Гаши потенцира дека неговата совест е мирна и чиста и со ништо не придонел за да се предизвика проблем.

-Имам мирна и чиста совест дека со ништо не сум предизвикал хистерија во јавноста. Самата интерпелација не се однесува за нешто што е принципиелно прекршено во Собранието, или да е скратено правото на некој пратеник или пратеничка група, туку повеќе станува збор за тривијални теми кои добиваат на знаење во социјалните медиуми. Но подготвен сум и за тоа да разговарам. На најдостоинствен начин ја работам својата работа. Најчесно и најодговорно. Утре пратениците ќе го кажат своето мислење, а јас сум подготвен на секаков одговор и секаква одлука што ќе ја донесе нашето Собрание да ја почитувам, рече Гаши.

Тој ги повика сите пратеници и од опозицијата и од својата партија утре да гласаат индивидуално според своето лично убедување.

-Јас оваа интерпелација не ја гледам од политички аспект, туку индивидуално од секој пратеник. И би го поканил секој пратеник да гласа според своето лично убедување. Ги молам и пратениците од мојата коалиција Вреди, да гласаат на таков начин. Треба да се научиме така да одговараме пред јавноста. Интерпелацијата е една многу демократска алатка што овозможува да дадеме отчет и пред пратениците и пред граѓаните и треба да се научиме на тоа. И утре ќе излезам со свој одговор пред јавноста и пратениците и верувам дека сите ќе гласаат според своето убедување и според својата чиста совест. За оваа интерпелација им се заблагодарувам и на Левица за дадената можност да ги изнесам своите аргументи, позади кои стојам и денес, дополни спикерот Гаши.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Герапетритис: Работиме за дигитализација на услугите на влезните и излезни точки од Грција

Следно

„ЕCKERMANN“ ја објави „Апокалиптична комедија“ на Томислав Османли

Latest from Blog

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако
Go toTop