Гаревски: Градбите во земјава од 2014 година наваму се едни од најсигурните во Европа

February 6, 2023
1 min read

Ваквото уверување директорот на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени Михаил Гаревски го темели на законот од 2014 година, според кој, како што вели, секој објект мора да помине низ Институтот за земјотресно инженерство

Разорниот земјотрес што денеска ја погоди Турција не би требало да ги става во мисла граѓаните во земјава во врска со квалитетот и издржливоста на градбите кои ги имаме кај нас, бидејќи според директорот на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени, Михаил Гаревски, градбите во државава од 2000 година наваму, особено оние од 2014 година досега, се едни од најсигурните градби во Европа.

Ваквото уверување Гаревски го темели врз основа на законот од 2014 година, според кој, како што вели, секој објект мора да помине низ Институтот за земјотресно инженерство.

Додава дека доколку објектот е поголем од 300 квадрати, покрај надзор на проектот, треба и теренски да се направи проверка на самата конструкција, за да се утврди дали се постапува како што треба.

Михаил Гаревски, директор на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени

„Јас правев една анкета преку Институтот и сакав да видам дали скопјани се уште го памтат земјотресот од 1963 година. Имав едно прашање – на кои градби најмногу им верувате. Тие им веруваат најмногу на градбите од 1964 до 1970 година, што воошто не е точно. Градбите, да речеме, од 2000 година наваму, особено од 2014 досега, се едни од најсигурните градби, можам да кажам и во Европа“,

вели Гаревски во гостувањето во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Коментирајќи ја информацијата од Американскиот геолошки институт, според која, градбите кои беа урнати од денешниот земјотрес во Турција биле од неармирани тули, Гаревски вели дека таквата градба не е секогаш главниот фактор за разорноста на земјотресот, туку магнитудата игра најголема улога.

Прашан дали во Скопје или во други градови од земјава има останато вакви градби од тули, Гаревски посочи дека такви градби се останати од периодот пред катастрофалниот земјотрес кој го погоди главниот град во 1963 година.

Сепак, додава тој, по 1964 година практично никој не гради со масивни ѕидови од тула.

Денеска, во временски интервал помал од 12 часа, во Турција се случија два потреси со разорна магнитуда. Првиот земјотрес се случи во текот на ноќта додека луѓето спиеја, а беше со магнитуда од 7,8 Рихтерови степени, што го прави еден од најсилните земјотреси во регионот во изминатиот еден век. Вториот, со магнитуда од 7,7 степени според Рихтеровата скала, се случи во 13:24 часот по локално време.

Вкупниот биланс на жртви во земјотресот во Турција и во Сирија, чиј северозападен дел исто така се соочува со сериозен број на загинати од потресот во соседната земја, сега изнесува повеќе од 2.300 луѓе.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ајде да бидеме хумани: Донирајте за Турција и Сирија на следниот начин!

Следно

Бројот на жртви во Турција и Сирија се искачи на 3 800, ЕУ активира посебен механизм за помош на двете земји

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop