Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е целосно подготвен да го пречека вечерашниот спектакл меѓу младите репрезентации на Македонија и Италија до 21 година. Натпреварот започнува во 18:15 часот и се очекува голем интерес од публиката.
Ова е првпат по три децении Битола да биде домаќин на официјален натпревар на една фудбалска репрезентација на Македонија, што дополнително го зголемува значењето на овој спортски настан.