Фудбалер на Ц. Звезда удрен од обезбедувањето на синоќешниот меч со Пафос

August 27, 2025
1 min read

Белградска Црвена Звезда не успеа да се квалификува за новиот формат на Лигата на шампионите втора година по ред, откако синоќа одигра само 1:1 на гостувањето кај кипарски Пафос. По поразот од 1-2 во Белград , српскиот шампион имаше водство до 89-тата минута на реваншот, но потоа Кипраните постигнаа гол и испишаа историја за клубот.

По голот што го постигна Жажа за домашниот тим, сè ескалираше. Прво на трибините, а потоа и меѓу фудбалерите. Српските медиуми пишуваат дека член на обезбедувањето го удрил Стефан Лековиќ, фудбалерот на Црвена Звезда кој бил на трибините со тренерот на голманите Немања Супиќ и други претставници на „црвено-белите“.

Токму во тој простор зад клупата на Црвена Звезда, блиску до членовите на српскиот клуб, беа присутни и навивачи на Пафос. Од српскиот клуб очекуваат брза реакција од УЕФА и казна за организаторот.

Извор: vecer.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јужна Кореја со закон забрани мобилни телефони во училиштата

Следно

Општините профитираат од рударството: 78% од концесиските средства остануваат во локалните каси

Latest from Blog

Амал Клуни блеска во Венеција

Венецискиот филмски фестивал започнува, а првите ѕвезди веќе пристигнаа, меѓу нив Џорџ и Амал Клуни, за кои Венеција дефинитивно е омилена дестинација за разгледување. Венецискиот филмски фестивал традиционално привлекува големо внимание, а

МИСТЕРИЈА НА ХОТЕЛСКИОТ БАЗЕН ВО МИКОНОС! Бразилец пронајден мртов, другиот во несвест!

Шокантен инцидент во кој беа вклучени двајца млади Бразилци кои беа пронајдени во несвест во приватниот базен на хотелски апартман во Орнос, Миконос, сè уште се решава. Еден од мажите, на возраст

Кристал Палас го договори Пино од Виљареал

фото: Palace Report (X) Англиски Кристал Палас го финализираше трансферот на 22-годишниот шпански крилен напаѓач Јереми Пино од Виљареал. Според Фабрицио Романо, постигнат е усмен договор меѓу сите страни. Станува збор за

76-годишна Французинка признала дека подметнала 11 пожари

76-годишна жена од Франција призна по апсењето дека подметнала 11 пожари, објави денес француската телевизија BFMTV. Според извештаите, жена од градот Кастелмеран на југот на Франција е уапсена под обвинение за подметнување
Go toTop