Фудбалер херој, влезе во страшениот пожар во Швајцарија за да ја спаси девојката!

January 4, 2026
1 min read

Јавноста треба добро да го запомни името – Тахирис Дос Сантос, младиот фудбалер, во иднина ќе биде синоним за храброст.

-„Се врати по девојката и ја извлече од пеколот“

Страшна трагедија ја одбележа новогодишната ноќ во  швајцарскиот ски центар, во Кран-Монтана, каде во ужесен пожар 40 лица ги загубија животите, додека најмалку 119 лица беа повредени.

Во моментите на целосна паника, чад и борба за гол живот, се појави вистински херој.

Деветнаесетгодишниот фудбалер на Мец, Тахирис Дос Сантос, покажа неверојатна храброст кога, откако успеа да излезе од запалемиот бар, сфати дека неговата девојка Колин е сè уште внатре. Без размислување, се врати во клубот зафатен од пожар и успеа да ја извлече, ризикувајќи го сопствениот живот.

За драматичните моменти зборуваше во јавноста неговиот агент Кристоф Хуто, кој не ја криеше својата гордост за постапката на Тахирис.

– Тој беше на првиот кат кога избувна пожарот. Излезе надвор, но набрзо сфати дека неговата девојка останала внатре. Се врати по неа и ја извлече од пеколот. Тој е и жртва и херој во исто време – рече Хуто за BFMTV.

Младиот фудбалер херој во таа прилика се здобил со изгореници од втор степен и моментално се наоѓа во болница во Штутгарт, од каде наскоро треба да биде префрлен во Мец. Клубот е во постојан контакт со неговото семејство и агент.

Неговата девојка, Колин, е хоспитализирана во Антверпен, а лекарите потврдија дека околу 30 проценти од нејзиното тело е покриено со изгореници. И двајцата се под постојан надзор на лекарите, додека јавноста со восхит зборува за херојскиот чин на младиот фудбалер.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Настаните во Венецуела јасно покажуваат КОЈ ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ

Следно

Вил Смит пријавен од маж за сексуално вознемирување!!

Latest from Blog

Битола и регионот ја модернизираат комуналната инфраструктура

Во Битола денеска ќе бидат свечено предадени во употреба нови возила, контејнери и канти за отпад, кои Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање ги доделува на јавните комунални претпријатија

Снимка од „морско чудовиште“ направена од подморница го преплаши интернетот

Подводното видео прикажува суштество коешто, наводно, изгледа како праисториско чудовиште… Со оглед на тоа што се истражени само околу пет отсто од светската морска шир, не е изненадување ако овие суштества што

Македонски АВТОБУС ИЗЛЕТА ОД АВТОПАТ ВО СРБИЈА

Автобус со македонски регистарски таблички синоќа целосно излетал од автопатот кај местото Добановци во Србија. Како што јавуваат српските медиуми, незгодата се случила на правецот од градот кон излезот. Засега нема официјални
Go toTop