Францускиот Сенат го усвои предлогот на Макрон за реформа во пензискиот систем

March 12, 2023
1 min read

Предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за реформа на пензискиот систем, кој предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, предизвика повеќенеделни протести низ Франција. Анкетите на јавното мислење покажуваат оти мнозинството граѓани во Франција се против предложената реформа

Горниот дом на францускиот парламент на 11 март го усвои планот за реформа на пензискиот систем, предложен од францускиот претседател Емануел Макрон. Предлогот е усвоен со 195 гласа „за“ и 112 гласа „против“.

Предлогот за реформа на пензискиот систем, кој предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, предизвика повеќенеделни протести низ Франција. Анкетите на јавното мислење покажуваат оти мнозинството граѓани во Франција се против предложената реформа.

По усвојувањето на предлогот во Сенатот, се очекува за него да се изјасни комисија составена од членови на долниот и горниот дом на францускиот парламент, најверојатно во среда, на 15 март.

Доколку Владата процени дека нема да има доволно гласови во Долниот дом, сепак, најверојатно ќе може да го „протурка“ предлогот без собраниско гласање

Доколку комисијата се согласи за текстот, конечното гласање во двата дома најверојатно ќе се одржи во четврток, но исходот од гласањето останува неизвесен во долниот дом, каде на партијата на Макрон ѝ се потребни гласовите на сојузниците за мнозинство.

Доколку Владата процени дека нема да има доволно гласови во Долниот дом, сепак, најверојатно ќе може да го „протурка“ предлогот без собраниско гласање.

Предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за реформа на пензискиот систем предизвика неколкунеделни протести низ Франција, а нови протести се најавени и за следната недела.

Демонстрантите во саботата излегоа на нови протести низ Франција против планираните реформи, но одѕивот беше помал од очекуваното. Најголем одѕив на демонстранти е забележан во вторникот , кога според податоците на француската влада протестирале 1 280 000 луѓе.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иран: Во експлозија во зграда загинаа 5, повредени 2 лица

Следно

СЗО: Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив

Latest from Blog

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека

СЕРИОЗНО Е ВО ФРАНЦИЈА! – ПЛАМЕНОФРЛАЧИ НА УЛИЦИТЕ, има повредени

За време на протестот на средношколци во градот Тур во централна Франција, 16-годишно момче претрпело сериозна повреда на окото од гумен куршум, објави градската обвинителка Катрин Сорита-Минар, пренесуваат медиумите. Во соопштението се
Go toTop