Француската полиција на удар на критики поради напад на арапскиот снимател кој ги следел протестите

March 31, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Француската полиција се најде на удар на критики откако вчера се појави снимка на која се гледа како полицаец со солзавец го прска арапскиот снимател што известуваше за протестите против контроверзната пензиска реформа, пренесува Анадолија.

Лупсајдер, платформа за вести на социјалните мрежи, сподели снимка од својот снимател Амар Тауалит, кој е блокиран од полицијата додека ги снимаше демонстрациите против пензиските реформи во Париз на 16 март.

Тауалит ја снимил полицијата како брка група демонстранти, додека полицајците го притискале да се повлече.

„Работам. Јас сум новинар. Напаѓате ли новинари? Имам акредитација за новинари. Во моментов снимам. Внимавајте, ова ќе биде онлајн“, вели тој на снимката.

Полицаецот му рекол да „си оди дома“ и да „се губи“, а потоа со солзавец го испрскал директно во лицето.

И покрај тоа што ја покажал својата акредитација, полицијата повторно го испрскала Тауалит со солзавец, спречувајќи го да снима и отстранувајќи го од областа.

„Јасно идентификуван како новинар и на дистанца за да не се мешам во работата на полицијата, без причина бев прскан со солзавец и спречен да ја работам својата работа како новинар“, напиша Тауалит на Твитер.

Видеото предизвика остри реакции во земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

108 ВРАБОТЕНИ ОД ФИЛХАРМОНИЈАТА НЕ САКААТ ДА ГО ДЕЛАТ ОБЈЕКТОТ СО КОЛЕГИТЕ ОД НОВИОТ ОРКЕСТАР ЗА ЏЕЗ МУЗИКА

Следно

Верижен судир утрово во скопски Аеродром

Latest from Blog

Иран со дронови го нападна Кувајт- загинаа двајца Италијанци

Тие се техничари на компанијата „Рајнметал Италија“, а според изјавата на портпаролот на одбраната на Обединетите Арапски Емирати, тие загинале од „остатоци од беспилотни летала соборени додека одбивале напади врз клучна инфраструктура“,

Претседателот на Мјанмар одби да го послуша Меѓународниот суд; Не признава геноцид

Претседателот на Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг, изјави дека неговата администрација нема да ги спроведе сите мерки наредени од Меѓународниот суд на правдата, кој минатата недела утврди дека безбедносните сили на земјата извршиле
Go toTop