(ФОТО+ВИДЕО) Протест во Штрпце по нападот на српските момчиња во Косово

January 8, 2023
2 mins read

Протестот беше инициран од политичката партија на српското малцинство во Косово, Српска листа, а нејзиниот претседател Горан Ракиќ на денешниот протест порача дека оти на северот на Косово продолжува „диктаторкскиот режим на косовскиот премиер Албин Курти“

Во местото Штрпце во Косово денеска се одржа протест на косовските Срби откако на 6 јануари во селото Готовуши беа ранети двете српски момчиња Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21), а по еден ден во Клокот беше претепан и 18-годишниот Стефан Томиќ додека се враќал од божиќната литургија.

Фото: Танјуг

Според организаторите на протестот, тој се одржува по „континуираното угнетување на Србите во Косово“.

Протестот беше инициран од политичката партија на српското малцинство во Косово, Српска листа, а нејзиниот претседател Горан Ракиќ на денешниот протест порача дека оти на северот на Косово продолжува „диктаторкскиот режим на косовскиот премиер Албин Курти“.

Тој изјави и дека Курти играл толку силно, мислејќи дека Србите ги тргнале барикадите зашто што се плашеле.

„Неговата цел е да создаде такви услови Србите да ги напуштат своите домови. Нашата борба преку мирни и демократски средства и нашата хармонија се нашето најсилно оружје за отпор против антисрпскиот диктаторски режим на Курти. Верувајте ми, ако сме обединети, сигурно ќе победиме“,

рече тој и им порача на Србите дека не треба да се предаваат.

Денешниот протест ден претходно го најави градоначалникот на општина Штрпце Далибор Јевтиќ, и потпретседател на Српската листа. Тој во обраќањето пред насобраната толпа рече дека испраќа порака за мир, но дека испраќа порака и до оние кои сакаат да ги протераат Србите – дека „нема да им успее“.

Тој на граѓаните им ги пренесе поздравите од „хероите Милош и Стефан“, кои, како што рече, покажале дека не се предаваат дури и кога се пука во нив.

„Наместо да го славиме празникот во мир, моравме да протестираме против пукањето врз српските деца и млади луѓе. Денеска од ова место испраќаме порака дека нема да бидеме заплашени. Секој од нас е Стефан и Милош, а пораката до оние кои сакаат да не избркаат е дека не успејаа во тоа“,

рече Јевтиќ.

Тој и порача на меѓународната заедница „да го вразуми Курти“, да престане да ги напаѓа српските деца, бидејќи, како што рече, српскиот народ ќе опстане без оглед на сите предизвици.

Принтскрин: Косово онлајн

Во меѓуврме, додека денеска во Штрпце се одржуваше протестот, во Основниот суд на Урошевац се одржа затворена судска седница на која беше сослушан 33-годишниот Азем Куртај, осомничен за ранувањето на двете момчиња од српска националност врз кои беше пукано од возило во движење на 6 јануари.

Сослушувањето било затворено за медиумите, а од Судот информирале дека донесената одлука ќе биде соопштена преку писмено соопштение.

По седницата, адвокатот на осомничениот, Наим Ферати, изјавил дека неколку секунди пред инцидентот кој се случи пред два дена, Куртај бил нападнат со некој предмет и бил навредуван, по што пукал во самоодбрана.

По инцидентот во Штрпце реагираа претседателката на Косово Вјоса Османи и премиерот Албин Курти, а осуда за нападот стигна и од други меѓународни претставници.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Објавени фотографии од Иранецот кој планирал терористички напад со смртоносни отрови во Германија

Следно

Ахмети удри на песна: „Изгуби го чуварот, изгуби го семето, ајде да тргнеме понапред од злото“

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop