Тејана Тејлор неодамна присуствуваше на престижниот настан „Time100 Next“ во Њујорк, каде што ги шокираше сите присутни со голо издание.
За оваа пригода, пејачката и глумица одлучила да облече исклучително провокативна и минималистичка креација од Том Форд.
Станува збор за проѕирен фустан кој едвај ги покрива интимните делови од телото, а истакнува завидна фигура и извајани стомачни мускули.
Под проѕирниот фустан сите можеа да забележат дека пејачката носи танга гаќички, а стајлингот го комплетираше со струкирано сако во црна боја.
Извор: vecer.mk


