ФОТО: ГЛУВЦИТЕ на ГЕРАСИМОВСКИ во ЦЕНТАР ги чистат службите на МАКСИМ од КУМАНОВО

October 23, 2025
1 min read

Невидена сцена се случила на детско игралиште во скопската населба Капиштец, каде 10-годишно дете било каснато од глушец додека си играло со други деца.

Инцидентот, кој резултирал со раскрвавен прст кај детето, доаѓа во време кога Скопје се соочува со огромна криза со ѓубрето, а јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е под истрага.

Според извештајот, детето било каснато од глодарот среде игралиште.

Во отсуство на редовни услуги од „Комунална хигиена“, градоначалниците на дел од скопските општини веќе почнаа да организираат акции за чистење со сопствена механизација, обидувајќи се барем делумно да ја санираат состојбата.

Но, по се изгледа ситуацијата во Општина Центар е повеќе од алармантна, па така денес излеговме на терен со цел да се увериме во каква состојба е ЦЕНТАРОТ на метрополата.

Се упативме онаму каде што мислевме дека е најчисто, односно би требало да е најчисто, а тоа е КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“, но бевме поприлично изненадени кога спроти Клиниката за гинекологија имаше толку многу ѓубре, небаре не се чистело со децении.

Но, она што забележавме исто така е уште една работа која не и оди во прилог на општинската власт и на нејзиниот актуелен градоначалник Горан Герасимовски кој повторно бара доверба од центарци на локалните избори.

Наидовме на камион-ѓубретарка со кумановски регистарски таблички, па зарем Герасимовски дојде до степен проблемот со ГЛУВЦИТЕ да му го решава Максим од Куманово?!

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Нови проблеми за Слот: Се повредија Фримпонг и Исак

Следно

Најнестабилните хороскопски знаци

Latest from Blog

Положено цвеќе на споменикот „Основачи на ВМРО“ во паркот „Жена борец“

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, делегации од Собранието, од Владата и од Кабинетот на претседателката на државата, денеска положија цвеќе на споменикот „Основачи на ВМРО“ во паркот

Божиновска на глобалниот форум во Берлин: Македонија дел од енергетската иднина на светот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на отворањето на еден од највлијателните глобални форуми – Berlin Global Dialogue 2025, кој оваа година се одржува под мотото „Shifting Power,

Милановиќ како Кисинџер, ЈА ПОТЕРСЕ ЕВРОПА: НИЕ ПРАВИМЕ СОЈУЗ НА РУСИЈА СО КИНА!

Само две земји во светот имаат доволно ресурси и енергетска независност за да водат војна без помош од други – Соединетите Американски Држави и Русија, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. – Тие

И тоа го има во САД: На Лендон Донован му „залепија“ перика во живо (ВИДЕО)

Легендарниот американски фудбалер, Лендон Донован е во центарот на вниманието во САД, откако се реши во живо да го реши проблемот со опаднатата коса. Донован, кој што одамна е пензиониран од активното
Go toTop