(ФОТО) Еден убиен и четворица повредени во напад на цркви во шпанскиот град Алхесирас 

January 26, 2023
1 min read

Напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор, а шпанските власти, според агенциите, го истражуваат инцидентот како можен терористички акт

Едно лице е убиено, а друго тешко рането кога маж вооружен со мачета вчера нападнал две цркви во шпанскиот град Алхесирас, соопшти министерството за внатрешни работи на земјата.  

Шпанската полиција ги истражува мотивите за нападот/Фото: EPA-EFE/A. Carrasco Ragel

Како што соопштил портпаролот на градската администрација на Алхесирас за Ројтерс, во нападот е убиен Диего Валенсија, црковно лице во  црквата Нуестра Сењора де Ла Палма, додека титуларниот свештеник на парохиската црква Сан Исидро, Антонио Родригез, е меѓу повредените. 

Шпанските судски власти, според Асошиејтед прес (АП), го истражуваат инцидентот како можен терористички акт, а полицијата се обидува да ги утврди мотивите за нападот. 

Според информациите, напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор во шпанската национална полиција. Од министерството за внатрешни работи на Шпанија не го соопштиле идентитетот на осомничениот.  

Инаку, локалните медиуми јавуваат дека во нападот се повредени уште три лица.  

Осомничениот маж прво влегол во црквата Сан Исидро и со мачета го нападнал свештеникот, кој е тешко повреден и хоспитализиран според локалните медиуми. 

Напаѓачот потоа отишол во црквата во Нуестра Сењора де ла Палма каде со мачетата го убил црковното лице пред верскиот објект. 

Полициски екипи вршат увид на местото на нападот пред црквата Нуестра Сењора де ла Палма/Фото: EPA-EFE/A. Carrasco Ragel

Шпанскиот премиер Педро Санчез на својот твитер-профил изрази сочувство за жртвите од „страшниот напад“ во Алхесирас. 

Генералниот секретар на шпанската бискупска конференција, Франциско Гарсија на Твитер напиша дека „со голема болка ја примил веста за инцидентот во Алхесирас“. 

„Ова се тажни моменти, нас не обединува болката на семејствата на жртвите и на епархијата Кадиз“,  

додаде тој.

Хозе Игнасио Ландалусе, градоначалникот на Алхесирас, за денеска прогласи ден на жалост во градот и митинг пред црквата Нуестра Сенора де Ла Палма напладне. 

Градот Ахгесирас се наоѓа на самиот југ на Шпанија и е едно од најважните пристаништа на таа земја. 
 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Oткако ги смени бравите, денеска в.д. директорот на МКЦ забрани снимање во култниот центар за новинарските екипи

Следно

Задолжителен паркинг за велосипеди – Центар одлуката ја донесе уште минатата година

Latest from Blog

Лејла Кадриу: Ако вистината е навреда, тоа е нивен проблем

Поранешната обвинителка во Специјалното јавно обвинителство, Лејла Кадриу, изјави дека не гледа основ за извинување во врска со нејзините јавни настапи, нагласувајќи дека изнела факти на хронолошки и професионален начин. „Не гледам

Рјабков не исклучи нова воена операција на САД против Иран

„Ситуацијата на Блискиот Исток изгледа алармантно, Американците повторно преместија огромен број ударни системи таму, ден по ден го зголемуваат притисокот, се закануваат со употреба на сила и продолжуваат со обидите за дестабилизација

Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор. На

Божиновска оствари низа средби со претставници од Шведска, Холандија и Marmara Group со фокус на зелена транзиција и инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари серија значајни средби со меѓународни партнери – претставници на Шведска, Холандија и Marmara Group, со цел унапредување на соработката во областа на
Go toTop