(ФОТО) Чудо по авионска несреќа во Колумбија – четири деца успеале да преживеат во џунгла со недели

June 10, 2023
1 min read

Падот го преживеале четири деца на возраст од 13, 9 и 4 години, како и едно 11 месечно бебе. Првичните информации од Управата за цивилно воздухопловство, која ги координирала напорите за спасување, сугерираат дека децата избегале од авионот и се упатиле во прашумата за да побараат помош

Четири деца од домородна заедница во Колумбија се пронајдени живи на југот на земјата повеќе од пет недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла, објави колумбискиот претседател Густаво Петро.

фото: EPA-EFE/Mauricio Duenas Castaneda

Како што објави дневник.хр, децата биле спасени од војската во близина на границата меѓу колумбиските провинции Какета и Гуавијаре, во близина на местото каде што се урнал малиот авион. Кога ги пронашле имале многу убоди од инсекти и биле неухранети.

„Радост за целата земја! Четири деца кои исчезнаа… изгубени… во колумбиската џунгла се појавија живи“,

објави Петро преку Твитер.

Фото: EPA-EFE/Mauricio Duenas Castaneda

Малиот авион „Цесна 206“ превезувал седум лица на пат меѓу Аракуара, државата Амазонас и Сан Хозе дел Гуавијаре, град во државата Гуавијаре, но пријавил аларм за дефект на моторот во раните утрински часови на 1 мај.

фото: Фејсбук/Gustavo Petro

Во несреќата загинале тројца возрасни, меѓу кои и пилотот, а нивните тела биле пронајдени во авионот. Падот го преживеале четири деца на возраст од 13, 9 и 4 години, како и едно 11 месечно бебе. Првичните информации од Управата за цивилно воздухопловство, која ги координирала напорите за спасување, сугерираат дека децата избегале од авионот и се упатиле во прашумата за да побараат помош.

фото: Фејсбук

Иако неухранети, ниту едно од децата не е во тешка состојба, па дури ни најмладото што го помина првиот роденден во џунгла.

Спасувачките тимови, со поддршка на кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје, кое наводно децата го јаделе и импровизирани засолништа направени од рестенија од џунглата.

Во спасувачките операции учествуваа авиони и хеликоптери на колумбиската армија и воздухопловни сили.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Француски министер ги повика европските држави на заеднички систем за азил

Следно

Прва странска посета во новиот мандат: Турскиот претседател наредната недела во Северен Кипар и Азербејџан

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop