Во една дождлива, поспана неделна вечер, бебе фока влегло во кафулето и почнало да го истражува новиот терен, објавува АП.
„Сите бевме шокирани“
На гостите им е дозволено да носат домашни миленици во ова кафуле, па една од сопственичките, Бела Еванс, на почетокот помислила дека е куче.
Дури кога се приближила, сфатила дека гледа видливо изгубена, но љубопитна фока. Ова слатко суштество се скрило во тоалетот, а потоа и под машината за миење садови.
„Сите бевме шокирани. Не знаевме што да правиме“, рекла Бела.
Еден клиент се обидел да ја „придружи“ фоката до задната врата, но таа вешто ги избегнала сите негови обиди. Едноставно не излегувала.
A baby seal, apparently lost, curious and well below New Zealand’s legal drinking age, galumphed into a bar before being removed by rangers with the help of a dog crate and some salmon. pic.twitter.com/B9RVzKWaKw
— The Associated Press (@AP) December 4, 2025
„Персоналот реагирал одлично“
Потоа Бела смислила решение! Го повикала својот вереник и му рекла да донесе – филе од лосос.
Додека драмата се одвивала во кафулето, службениците од Одделот за заштита на природата интензивно барале младенче од фока, кое било видено претходно во блиска станбена област и на километри од брегот.
„Персоналот реагираше одлично и го чуваше животното безбедно додека не пристигнавме“, потврдија властите, додавајќи дека фоката подоцна била пуштена на остров.
Експертите објаснуваат дека ова е период кога младите фоки и морски лавови често талкаат и се појавуваат на исклучително необични локации – во куќи, на терени за голф или дури и на прометни патишта.
Извор: vecer.mk

