Флик одбра идеален напаѓач за Барса кој чини 65 милиони евра

January 10, 2026
1 min read
фото: Barcelona (X)

Еерата на Роберт Левандовски во Барселона очигледно завршува. Полскиот напаѓач е се поблиску до излезната врата од „Камп Ноу“, а раководството на клубот, предводено од спортскиот директор Деко, веќе активно бара негов наследник. Тренерот Ханси Флик има јасна желба и предложи име кое го смета за идеално за новата „деветка“ на Барселона.

Роберт Левандовски не беше во почетниот состав во последните пет натпревари, а неговиот договор истекува на лето, кога ќе наполни 38 години, па разделбата на крајот од сезоната е речиси сигурна. Во меѓувреме, клубот го става Фермин Лопез во преден план, кој е најдобар стрелец во тимот со 14 гола.

Полјакот ќе замине како слободен агент по две и пол сезони, оставајќи зад себе големо наследство, но и сложена задача за раководството, да најде замена за напаѓач од неговиот калибар, влијание и лидерски способности.

Спортскиот директор Деко е свесен дека пронаоѓањето на вистинската „деветка“ е клучно за стабилноста на проектот и понатамошниот развој на млади ѕвезди како што се Ламине Јамал, Педри или Гави. Иако одлуката ќе биде стратешка и ќе биде донесена во консултација со раководството на клубот, тренерот Ханси Флик ќе го има последниот збор. Според извештаите од Германија, Флик веќе ги пренел своите желби до одборот, а неговиот прв избор е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серху Гираси.

Гираси има 29 години и е во својот најдобар период. Имаше извонредна минатата сезона во која беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите, изедначен со Рафињо, докажувајќи дека може да се справи со најголемата сцена. Тој е моќен напаѓач, одличен стрелец кој доминира во воздушната игра и знае како да игра со грб кон голот, профил што Ханси Флик го смета за идеален за Барселона.

Патот до неговото доведување е јасен. Гираси има откупна клаузула од 65 милиони евра во договорот, што значи дека преговорите со Дортмунд не би биле потребни, доволно е само да се активира клаузулата. Сепак, постои разлика во мислењата помеѓу тренерот и спортскиот директор. Иако Гираси е на списокот, се верува дека тој не е профилот на играч што го претпочита Деко.

Главната причина е неговата возраст. На 29 години, напаѓачот би го достигнал зенитот на својата кариера во Барса, но без простор за понатамошен напредок и со мала веројатност за идна заработка од продажба. Раководството на клубот, секогаш кога е можно, ги таргетира помладите играчи со потенцијал за раст. Гираси е опција за моментален успех, но не и долгорочен стратешки облог, поради што Деко не е убеден дека вреди да се платат 65 милиони евра за него.

Флик е убеден дека Гираси би бил сè што му е потребно на тимот на врвот на нападот, но има доволно време до летото да се договори со Деко и остатокот од спортското раководство за наследникот на Левандовски, чие заминување на крајот од сезоната е сè поизвесно.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повремени врнежи од дожд, попладне од снег

Следно

Гласаат болните и затворениците, утрe повторени избори за градоначалник во четири општини

Latest from Blog

Беше секс симбол, а сега е на раб на егзистенција- Мики Рурк на чекор да стане бездомник: Не барам милостина

На 73 години, актерот се соочува со финансиски и правни предизвици, дури и го доведува својот дом во Лос Анџелес во опасност поради долг од 60.000 долари за неплатена кирија. Во недела,

Бил Гејтс ѝ дал 8 милијарди долари на поранешната сопруга за да основа фондација

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ѝ испратил речиси осум милијарди американски долари на поранешната сопруга Мелинда Френч Гејтс за добротворни цели, со што нејзината фондација стана една од најголемите непрофитни организации во

Дали вашата врска има иднина?

Без разлика колку време се забавуваме со партнерот, прашањето „Каде води ова“ си го поставуваме постојано. Сите имаме различни нивоа на „сериозно“ кога станува збор за врските. За некого тоа е објавување
Go toTop