Тренерот на Барселона, Ханси Флик доживеа пораз од 3-0 од Челзи во Лигата на шампионите. Германецот не се извинуваше за поразот, туку покажа оптимизам за преостанатите натпревари во Лигата на шампионите.
„Видов позитивни работи и верувам дека сè уште можеме да ги освоиме преостанатите девет бода. Почнавме многу добро и имавме одлична можност да го постигнеме првиот гол. Потоа црвениот картон ја промени играта и не е лесно да се опоравиш против тим како Челзи кога си со еден играч помалку“, рече Флик.
Тренерот на Барса, исто така, призна дека постојат аспекти од играта на неговиот тим што би можеле да се подобрат.
„Изгубивме неколку лесни топки и дефинитивно треба да бидеме подинамични и да играме со поголема агресивност“, призна тој.
Сепак, Флик постојано нагласуваше дека секоја проценка на натпреварот мора да го земе предвид фактот дека Барса го играше поголемиот дел од него со десет играчи.
Извор: vecer.mk


