Флик: Ги заслуживме трите бода

January 22, 2026
1 min read
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше задоволен од победата од 4-2 над Славија Прага во Лигата на шампионите. Успехот не дојде лесно за Каталонците, но тие покажаа класа и ги освоија трите бода. Според тренерот, ова беше целосно заслужено.

„По двата гола примени од прекини, успеавме да направиме пресврт и тоа е добро. Денес не беше лесно да се игра, беше многу ладно, а Славија играше многу добро со брзи транзиции и опасни топки, тие беа многу физички тим. Значително се подобривме во второто полувреме. Очекувавме тежок натпревар, имаа пет недели да се подготват. Славија е физички, динамичен тим со силни играчи. Го видовме тоа во прекините и беше тешко да се одбраниме. Ги заслуживме трите бода“, смета Флик.

Лошата вест за тренерот е што Педри го напушта теренот со повреда.

„Не знам што му е. Не знам колку долго ќе биде отсутен. Не се добри вести. Ќе видиме утре. Потоа Олмо влезе и постигна гол. Замената беше успешна, а четвртиот гол дојде во вистинско време и тоа е многу добро“, додаде специјалистот.

Потоа го пофали Фермин Лопез и призна дека е среќен што одлучил да остане во клубот, и покрај понудите што ги добил во летото.

„Тој е фантастичен играч. Одлуката беше негова и јас сум среќен што остана. Тој е играч кој дише и ја носи ДНК-та на Барселона. Навистина ја ценам неговата игра денес“, додаде Германецот.

Сепак, тој знае дека неговиот тим има многу да работи.

„Две грешки на два корнера. Беше само еден натпревар и можеме да се подобриме. Сакаме и можеме да се подобриме. Нема да биде лесно да го победиме Копенхаген. Не знаеме каква ќе биде состојбата на Феран, можеби Педри нема да игра. Го опоравуваме Ламин, Де Јонг нема да биде во редот. Имаме добри шанси да бидеме меѓу првите 8. Не ја започнавме добро Лигата на шампионите оваа сезона, но имаме шанса да бидеме меѓу првите осум“, заклучи Флик.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Два запленети венецуелски танкери повторно забележани кај Порторико

Следно

Божиновска за Фактор: Енергетската сувереност веќе се гради, проценети се инвестиии од над 1,35 милијарди евра во производство и складирање на енергија

Latest from Blog

МАИР: Преработеното месо е канцерогено, а црвеното месо е можно канцерогено

Меѓународната агенција за истражување на ракот (МАИР) при Светската здравствена организација (СЗО) ја оценува потрошувачката на црвено месо како можно канцерогена, а преработеното месо како канцерогено за луѓето. По темелно разгледување на

Средби на собраниска делегација во Кнесетот на Израел

Согласно Програмата, во продолжение на посетата делегацијата од пратеничката група на Собранието оствари повеќе средби во Кнесетот. На средбата со Претседателот на Групата за пријателство со Собранието на Македонија, Хамад Амар и

Божиновска за Фактор: Енергетската сувереност веќе се гради, проценети се инвестиии од над 1,35 милијарди евра во производство и складирање на енергија

Пишува: Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Енергетската транзиција одамна не е прашање на избор. Таа е економска, безбедносна и геополитичка нужност. Светот веќе не расправа дали треба да

Два запленети венецуелски танкери повторно забележани кај Порторико

Два нафтени танкери запленети од американските сили претходно овој месец како дел од мерките против извозот на венецуелска нафта беа повторно видени во близина на Порторико во среда, потврдија за Ројтерс сведок
Go toTop