Финскиот министер за одбрана против испраќање авиони „Хорнет“ на Украина

March 23, 2023
1 min read

Финскиот министер за одбрана Анти Кајконен денеска изјави дека не сака да и донира борбени авиони „Хорнет“ на Украина.

– Моето мислење како министер за одбрана на Финска е дека ни требаат овие авиони за да ја заштитиме нашата сопствена земја, рече Кајконен на прес-конференција во Хелсинки.

– Негативно ја доживувам идејата дека тие ќе бидат донирани и во следните неколку години. И ако погледнеме подалеку, мислам дека тие ќе се истрошат со текот на времето и ќе бидат од мала корист, рече тој.

Финска ќе ги замени своите стари „Хорнети“ со авиони Ф-35 што ги нарача во 2021 година, а првиот авион се очекува да биде испорачан за две до три години.

Сепак, Финска ќе обезбеди дополнителна воена опрема за Украина, вклучувајќи уште три тенкови Леопард 2, со што вкупниот број на донирани Леопарди 2 на Украина ќе достигне шест, информира тој.

Кајконен на Твитер напиша и дена последниот пакет помош за Украина, покрај тенковите, содржи и тешко оружје и муниција.

Можноста за донирање на авиони „Хорнет“ на Украина беше спомната за време на неодамнешната посета на финската премиерка Сана Марин на Киев.

На новинарско прашање дали на Украина треба да ѝ се дадат борбени авиони, таа рече дека Финска треба да размисли дали нејзините авиони „Хорнет“ ќе бидат соодветни за таа цел, но не вети ништо.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Град Скопје и Измир од денеска се збратимени градови

Следно

Борел: Договорот меѓу Србија и Косово мора да се спроведе, нема избор

Latest from Blog

Питачите мора да се отстранат од улица – надлежните сериозно да пристапат кон решавање на овој проблем

Здружението „Градиме иднина“ од Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади, го продолжува проектот „Стоп против питачењето и злоупотребата на децата и нивното

Пеналите донесоа реми помеѓу Алавез и Осасуна

Во последниот дуел од денешната Примера програма,екипите на Алавез и Осасуна одиграа реми 2:2. Дуелот стартуваше со гостинско водство, а стрелец е Рослер кој погоди во четвртата минута. Домаќинот преку Мартинез во
Go toTop