Филмови на Дејвид Рајкер во Кинотека, режисерот ќе присуствува на проекциите и гледачите ќе имаат можност да разговараат со него

May 12, 2023
2 mins read

Мајската филмска програма ќе биде домаќин на Дејвид Рајкер, американски сценарист и филмски режисер, со три наслови. Роден во Бостон, Рајкер се преселил во Брисел, Белгија, на петгодишна возраст, а потоа неговото семејство се преселило во Лондон. Настапува на независната филмска сцена со неговиот специфичен неореалистички авторски стил во играниот жанр: ГРАДОТ (La Ciudad / The City) и ДЕВОЈКАТА (The Girl) се евидентен пример за тој негов стил. Но, Рикер е сценарист и на атрактивниот документарец ВАЛКАНИ ВОЈНИ (Dirty Wars), кој го следи истражувачкиот репортер Џереми Скехил, автор на меѓународниот бестселер „Блеквотер, во срцето на тајните војни на Америка од Авганистан до Јемен, Сомалија и пошироко“. Делумно политички трилер, а делумно детективска приказна, документарецот прави напнато патување низ една од најважните и неистражени приказни на нашето време, освојувајќи номинација за „Оскар“ и десетина награди на светските филмски фестивали.

Рајкер ќе присуствува на проекциите на неговите филмови во Кинотеката и гледачите ќе имаат можност да разговараат со него.

ФИЛМОВИ НА ДЕЈВИД РАЈКЕР

12 МАЈ (ПЕТОК), 20:00 ч.

ВАЛКАНИ ВОЈНИ

(Dirty Wars)

Документарен филм, САД

2013, 87 мин., колор, ДЦП

Режија: Рик Роули (Rick Rowley)

Сценарио: Дејвид Рикер, Џереми Скехил (David Riker, Jeremy Scahill)

Учесници: Џереми Скехил, Насе Ал Аулаки, Салеха Ал Аулаки (Jeremy Scahill, Nasser Al Aulaqi, Saleha Al Aulaqi)

 

ВАЛКАНИ ВОЈНИ го следи истражувачкиот репортер Џереми Скехил, автор на меѓународниот бестселер „Блеквотер, во срцето на тајните војни на Америка од Авганистан до Јемен, Сомалија и пошироко“. Делумно политички трилер, а делумно детективска приказна, документарецот прави напнато патување низ една од најважните и неистражени приказни на нашето време.

Она што започнува како извештај за неуспешен американски воздушен напад во оддалечен дел на Авганистан брзо станува глобална истрага за тајната и моќна Заедничка команда за специјални операции. Како што Скехил навлегува сè подлабоко и подлабоко во активностите на Командата, тој сè повеќе навлегува во светот на тајните операции непознати за јавноста, кои се спроведуваат ширум светот од луѓе кои не постојат на хартија и никогаш нема да се појават пред Конгресот…

Џереми Скехил и Рик Роули беа номинирани за „Оскар“ за најдобар документарен филм. Меѓу десетината награди на светските филмски фестивали, ВАЛКАНИ ВОЈНИ ја освои наградата за најдобра фотографија на фестивалот на независен филм во Санденс, чиј автор е Роули, кој е и кинематографер на филмот.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари

12 МАЈ (ПЕТОК), 18:00 ч.

И СВИЊИТЕ ОДАТ ВО РАЈОТ

(Nosila je rubac crleni / Even pigs go to heaven)

Игран филм, Хрватска / Македонија

2022, 86 мин., колор, ДЦП

Режија: Горан Дукиќ (Goran Dukić)

Сценарио: Сандра Антолиќ (Sandra Antolić)

Улоги: Наташа Дорчиќ, Теса Литван, прасицата Беба, Пјер Меничанин, Љубо Зечевиќ, Атанас Атанасовски, Љупчо Тодоровски-Упа (Nataša Dorčić, Tesa Litvan, prasica Beba, Ljubo Zečević, Atanas Atanasovski, Ljupčo Todorovski-Upa)

 

Семоќниот и сезнаен наратор Исус Христос (33 години), заедно со подеднакво сезнајната тетка Анка (55) и љубопитната прасица Беба (2) се главните ликови на оваа рурална комедија со пеење и пукање, сместена во питомото Хрватско Загорје за време на воените 1990-ти.

Филмот се фокусира на љубовната драма на Беба и Роки, крмак за расплод од полусрпско потекло, љубовната драма на невестата Анчица и велечесниот отец Вјеран, кој не е младоженец на свадбата, и дефектот на фризерската хауба што ги пореметува подготовките на тетка Анка за
„проштењето“, еден вид локален аџилак со цел простување на гревовите.

Мајката Божја, како deus ex machina, ја води приказната кон рајски епилог – кочина полна со прасиња и срца полни со проштевање.

Филмот е добитник на наградата на публиката на Пулскиот филмски фестивал, а актерот Љубо Зечевиќ ја освои „Златната арена“ за најдобра споредна машка улога.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп поднесе жалба на пресудата за сексуален напад врз новинарка

Следно

Над Твитер бел чад, Илон најде новa директорка

Latest from Blog

Бетис како гостин го “реши“ Виљареал

ФОТО:.facebook.com/realbetisbalompie Бетис го победи Виљареал со 2:1 на гостински терен во последниот натпревар од петтото коло на Ла Лига. Бетис победи по пресврт, со головите на Ернандез и Натан, додека Жерар Морено

Трамп пушта музика во авион на најсилно- сите се изненадени од неговиот избор (ВИДЕО)

За време на летот, тој им пушти песни од неговата „одобрена плејлиста“, за која рече дека поголемиот дел од неа самиот ја составил. Пред да започне музиката, стјуардесата им го пренесе прашањето

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop