Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Фиволкс) денеска го подигна нивото на тревога за вулканот Мајон на повисоко, трето ниво на тревога.
Имено, институтот предупреди на зголемена вулканска активност и појава на пирокластични текови (PDC), познати како „усон“.
Фиволкс соопшти дека се регистрирани 85 одрони на карпи помеѓу 5 и 6 јануари, со што вкупниот број на регистрирани лизгања на земјиштето од почетокот на годината достигна 346, објави ABS-CBN.
Исто така, беше предупредино за можноста за појава на пепел и потенцијална експлозивна активност во наредните денови или недели.
Фиволкс препорача евакуација на жителите во постојаната опасна зона во радиус од шест километри околу вулканот поради ризик од лавински текови, одрони на карпи и други вулкански опасности.
Nagkasa na ng ‘forced evacuation’ sa mga lugar malapit sa Bulkang Mayon, kasunod ng pagsailalim ng PHIVOLCS-DOST sa bulkan sa Alert Level 3.#Teletabloid #DWAR1494 #NewsPH pic.twitter.com/kWMV48WXzP
— Abante Radyo DWAR 1494 (@DWAR1494) January 6, 2026
Извор: tv21


