ФИФА ќе се обиде да забрани одржување на натпревари од домашните лиги во странство, објавува весникот „Гардијан“.
Според публикацијата, преместувањето на натпреварот од 17-то коло од Ла Лига помеѓу Виљареал и Барселона на стадионот „Хард Рок“ во Мајами и натпреварот од 24-то коло од Серија А помеѓу Милан и Комо во Австралија го иритирало раководството на ФИФА.
ФИФА сега работи на заострување на своите правила, настојувајќи целосно да ги забрани натпреварите од домашните лиги во други земји. Службениците ќе се обидат да презентираат ново регулаторно законодавство почетокот на следната година, пишува публикацијата.
Извор: vecer.mk