ФБИ: Злосторствата од омраза во САД во 2021 година биле зголемени за 11,6 отсто во однос на претходната 2020 година

March 13, 2023
1 min read

Злосторствата од омраза во САД во 2021 година се зголемени за 11,6 отсто во споредба со 2020 година, а најчесто биле мотивирани од раса, етничка припадност или национално потекло, соопшти денеска ФБИ.

Во својот нов извештај ФБИ соопшти дека бројот на пријавени инциденти од омраза се зголемил на 9.065 во 2021 година од 8.120 во 2020 година.

Оттаму додаваат дека 64,5 отсто од жртвите во 2021 година биле мета поради нивното расно или етничко потекло, 15,9 отсто поради нивната сексуална ориентација и 14,1 отсто поради нивната религија.

Јавниот обвинител, Мерик Гарланд изјави дека сузбивањето на злосторствата од омраза го поставил како главен приоритет во работата на Министерството за правда.

Во 2021 година тој го проширил финансирањето за да помогне во следењето и истрагата на злосторствата од омраза на локално ниво и им наредил на обвинителите да ги засилат кривичните и граѓанските истраги за такви инциденти.

-Продолжуваме да работиме со државните и локалните агенции за спроведување на законот ширум земјата за да го зголемиме бројот на злосторства од омраза пријавени до ФБИ, рече помошник-јавниот обвинител Ванита Гупта.

„Злосторствата од омраза и уништувањето што тие го предизвикуваат во заедниците немаат место во оваа земја. Министерството за правда е посветено на користење на сите средства и ресурси што ни се на располагање за борба против насилството мотивирано од пристрасност во сите негови форми“, рече Гупта.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ имал тежок и содржаен разговор со Лајчак – Белград инсистира на формирање на ЗСО  

Следно

Павел: Украина полесно ќе влезе во ЕУ, отколку во НАТО

Latest from Blog

Министерството за енергетика прво со максимални 100 отсто транспарентност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. За само две години од формирањето,

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.
Go toTop