Нова функција со вештачка интелигенција во апликацијата Facebook предизвика загриженост за приватноста, бидејќи може да ги скенира сите фотографии и видеа на телефонот на корисникот и да ги користи за обучување на AI моделите.
Meta, во рамките на Facebook, лансираше нова функција со вештачка интелигенција која, со наводна дозвола од корисникот, може автоматски да ги скенира сите фотографии и видео-снимки на телефонот – дури и оние што никогаш не биле објавени на социјалната мрежа.
Овие датотеки потоа се испраќаат на серверите на Meta, каде што AI го анализира нивниот содржај и му предлага на корисникот кои слики или видеа би можеле да бидат интересни за споделување, автоматски создава колажи, видео-потсетници или додава визуелни ефекти.
Facebook воведува контроверзна AI функција што ги скенира приватните слики на корисниците
Кога корисникот ќе ја активира оваа опција, вештачката интелигенција работи во позадина и постојано го ажурира содржајот, што предизвика сериозна загриженост во врска со заштитата на приватноста. На новинарските прашања, Meta потврди дека компанијата не ги користи необјавените приватни фотографии и видеа за обучување на своите AI модели. Сепак, откако корисникот ќе сподели содржина што ја генерирала AI или ќе користи дополнителни алатки за уредување, тие материјали можат да бидат вклучени во процесот на обучување на моделите.
Новата AI функција моментално е достапна само за корисниците на Facebook во САД и Канада, а нејзината достапност постепено ќе се прошири и на други пазари. Meta ги советува корисниците кои не сакаат нивните датотеки да бидат анализирани или користени за обучување на AI модели, да ја исклучат оваа опција во поставките.
Покрај тоа, Meta најави и нова политика според која од декември ќе ги користи разговорите на корисниците со Meta AI системот за персонализирање на содржината и рекламите – без можност за исклучување на оваа функција. Се чини дека Facebook сè повеќе наликува на злонамерен софтвер, отколку на апликација создадена за удобност на корисникот.
Извор: kurir.mk