Европската енергетска лекција – со хидро, со ветер и со сонце се намалува увозната зависност

August 9, 2025
2 mins read

Поуката што Европа ја извлече од последните геополитички и енергетски шокови е јасна: секој домашно произведен киловат‑час ја намалува ранливоста на економиите. Кризата со рускиот гас во 2022 јасно покажа колку скапа е таа зависност, а можноста дури 27 % од светската сурова нафта да стане заложник поради актуелните воени случувања, придонесе ЕУ за само две години да го зголеми уделот на домашната обновлива енергија во електричниот микс од 44% на 47 % со рекордни национални субвенции и регулаторни олеснувања.

 

Македонија не беше само сведок на енергетските кризи во Европа, туку ги почувствува и на „сопствена кожа“. За да ги намали последиците врз животниот стандард на граѓаните, како и врз бизнис секторот, државата користеше поддршка од фондови на ЕУ, кои беа наменети за државите од Западен Балкан. Во 2024 година државата обезбеди 6 129 GWh електрична енергија од сопствени извори и мораше да увезе приближно 11% од потрошувачката. За првпат во домашното производство во 2024 година обновливите извори сочинуваат 56 % од инсталираната моќност. Но бројките откриваат дека миксот од старите централи и новите производтвени капацитети не се доволно. Сè уште не можеме без увоз кога сонцето заоѓа, ветерот стивнува или јагленските котли влегуваат во ремонт.

Како тоа го прават развиените економии во Европа

Едноставно колку повеќе и подиверзифицирани домашни извори, толку помал увоз и поголема енергетска сигурност.

Домашните капацитети во Австрија во 2024 година обезбедија околу 73 TWh, од што 57,7 TWh се од обновливи извори. Државата била нето-извозник на струја 243 дена во годината. Благодарение на Алпските акумулации и значајниот број и на мали хидроцентрали што работат на нејзината територија, хидропотенцијалот лани обезбеди околу 60 % од целата австриска струја. По обилните врнежи во јануари 2024 хидроелектраните покрија 86 % од побарувачката, што ѝ овозможи на земјата да биде нето-извозник токму во зимскиот пик.

Особено е интересна состојбата со Швајцарија каде стремежот е да се потпрат на зелена енергија. Швајцарија беше нето – извозник во 2024 година, со вкупно производство од 68 TWh наспроти околу 60 TWh потрошувачка. Интересно е дека во 2024 година хидропотенцијалот обезбедил дури 57 % од проиведената електрична енергија. Швајцарија традиционално ја балансира сопствената мрежа и продава пикови во ЕУ. Иако зимските месечни дефицити бараат увоз, хидроостанува ’кичма‘ на системот.

Кон зелените извори во 2024 година се сврти и Германија и за првпат обезбеди струја без да користи нуклеарна енергија. Државата увезе околу 24,9 TWh, откако капацитетите произведоа околу околу 432 TWh струја. Обновливите извори покрија 62,7 % од националната потрошувачка на електрична енергија. Ова покажува дека и Гееманија недостатокот предизвикан од исклучувањето на нуклеарките го надомести со стратешки раст на обновливите извори на енергија.

Во соседната Франција, пак, решија да ги рестартираат нуклеарките. Вкупното производство скокна на 536,5 TWh, што е најмногу во последните пет години. Со оглед дека вкупната потрошувачка во 2024 година изнесуваше околу 449 TWh, овозможи рекорден нето-извоз од 89 TWh. Но, Франција во 2024 година се опреми и со нови 5 GW нови фотоволтаици со што вкупната инсталиран потенцијал надмина 24 GW. Голем плус беше и дождот, односно во 2024 година Франција имаше дождлива зима за разлика од 2023 година што од ходроцентралите и обезбеди дополнителни 16 TWh електрична енергија.

Колку чинеше европската енергетска криза?

Државната поддршка за домаќинства и компании во ЕУ од септември 2021 до јануари 2023 година достигнала 646 милијари евра, а во 2024 година се обезбеди дополнителна подршка ос 110 милијарди евра. Германија сама вложи околу 200 милијарди евра во таканаречен „џеб-штит“ за електрична енергија и гас. Овие податоци се според интерактивна база-податоци National fiscal policy responses to the energy crisis на реномираниот економски тинк-тенк со седиште во Брисел, Bruegel.

Износот од 646 милијарди евра претставуваат приближно 4 % од БДП на ЕУ-27, што е огромен фискален товар.

Европското искуство покажува дека е неопходно диверсификација на производството согласно погтенцијалот со кој располага една држава. Во таа приказна значајно место имаат и капацитетите за складирање на енергија, како и брзите балансери во произфводството какви што се и малите хидроцентрали, кои може да стартуваат или да се исклучат за неколку минути. Искористување на високиот хидропотенцијал за Македонија, околу 90 MW ќе донесе побрзо поголема енергетска сигурност и ќе ја намали потреба од увоз. Македонија го има потенцијалот – останува да го искористи навреме и со правилен микс на технологија, регулатива и инвестиции.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најмалку 7 Палестинци се убиени, а десетици се повредени во израелски напади низ Газа

Следно

Почина новинарката и уредничка на МРТВ, Јулијана Тануровска

Latest from Blog

Ристовски: 4,6 милиони денари вложени во нови спортски содржини во Центар

Во основното училиште „Кочо Рацин“ во Центар, Скопје, заврши комплетната реконструкција на мултифункционалното игралиште, кошаркарското игралиште и поставувањето на нови фитнес справи на отворено. Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека во

ДУИ: Обидите на „Вреди“ да клеветат, не се ништо друго освен политичка злонамерност и завист

ДУИ реагира на тврдењата на движењето „Вреди“ дека министерот за надворешни работи Бујар Османи спроведувал сомнителни тендери во МНР, поврзани со организацијата на Министерскиот состанок на ОБСЕ во 2023 година. Според партијата,

Поради планот на Израел за целосна окупација на Газа, Турција ќе свика итен состанок на ОИС

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес изјави дека Турција ќе свика итен состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИС) за да се разгледа планот на Израел за

Македонија по прва победа во претквалификациите за СК 2027

Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево ја очекува вториот натпревар од претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Македонија гостува кај Унгарија и по стартниот пораз во Куманово од Романија првата победа ќе
Go toTop