Еврејските доселеници вандализираа имот на Палестинци, го блокираат влезот во Рамала

April 7, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Еврејски доселеници денес вандализираа палестински имот и го затворија влезот во градот Рамала на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Очевидци наведоа дека доселениците кои живеат во населбата Бет Ел го затвориле влезот што води кон градовите Рамала и Ал-Бирех користејќи камења и контејнери за ѓубре, и ги спречија палестинските возила да минуваат.

Тие изјавија дека израелските сили биле присутни на самото место за да ги заштитат доселениците и не ги спречиле да го блокираат преминот.

Еврејските доселеници денес го нападнаа селото Хумса ал-Фавка, источно од Западниот Брег, и запалија палестински имот во селото.

Акцијата за одмазда на доселениците уследи по нападот, за кој се верува дека го извршил Палестинец, во кој загинаа двајца еврејски доселеници во близина на населбата Хамра на североистокот на Западниот Брег.

Тензиите се зголемија во последните неколку денови по израелските напади врз верниците во џамијата Ал Акса во окупираниот Источен ал-Кудс (Ерусалим).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Акар: „Агресивниот став на Израел ја зголемува тензијата во регионот“

Следно

Грчец два дена е во тотален мрак поради неконтролирани кражби на струја

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop