ЕУ и САД го предупредија Додик: Одговорен сте за кризите, бидејќи го кршите Уставот на БИХ

April 18, 2024
1 min read

Европската унија и САД денеска го предупредија лидерот на босанските Срби, Милорад Додик и властите во Република Српска дека нивните постапки го загрозуваат уставниот поредок на Босна и Херцеговина и го блокираат нејзиниот европски пат со инсистирање на усвојување закон со кој се обидуваат да ги преземе државните овластувања.

Во пресрет на седницата на Народното собрание на РС, на чиј дневен ред се ентитетскиот изборен закон, законот за референдум, законот за имунитет на службениците на РС и законот за „странски агенти“, односно за контрола на сите организации и здруженија кои примаат донации од странство, од делегацијата на ЕУ во Сараево реагираа со соопштение во кое се наведува дека со донесувањето на вакви закони ќе се наруши уставниот поредок на Босна и Херцеговина, функционалноста на нејзините власти и основните слободи, а сето ова би било спротивно на обврските на Босна и Херцеговина на европскиот пат.

„Очекуваме раководството на ентитетот да ги суспендира тие законодавни иницијативи, пред се предлог законите на РС за избори, референдуми, имунитет и т.н. странски агенти. Европската унија ја нагласува обврската за почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок, вклучувајќи ги и одлуките на Уставниот суд на БиХ како и меѓународниот субјективитет на БиХ. Секое дејствие против тие принципи доведува до сериозни последици, на кои Европската унија веќе несомнено укажа“, се вели во соопштението.

Истовремено, Американската амбасада во Сараево преку специјално соопштение предупреди дека за актуелните проблеми во БиХ е одговорен Додик, а не меѓународната заедница и дека никој не е толку наивен да верува во обвинувањата на Додик.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додека ескалира конфликтот меѓу Иран и Израел, арапските земји остануваат на своето

Следно

Израелските сили приведоа поголем број Палестинци за време на рациите на Западниот Брег

Latest from Blog

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,
Go toTop