ЕСМ: Греењето во Скопје ќе биде исто за сите потрошувачи, од 6 до 22 часот и внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен

February 2, 2023
1 min read

АД ЕСМ ја известува јавноста дека спроведе промени во системот на греење на град Скопје во правец на стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите  вкупно 62 000 потрошувачи – домаќинства, деловни објекти и институции. Промените, нагласуваат од АД ЕСМ, значат дека одреден број потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија. Овие потрошувачи на Енергетика досега добиваа парно греење 24 часа.

-Од 1 февруари, 2 000 потрошувачи од Енергетика, од вкупно 4 000, се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување (главната градска мрежа на која се снабдува Скопје), додека за другите 2 000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење, како и останатиот дел од градот. По воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45 проценти, се вели во денешното соопштение од СД ЕСМ.

Причината за воведените промени е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето било испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас.

-Котлите се градени во едно друго време и за друга намена, а тоа било снабдување со технолошка пареа на производните металуршки капацитети во комплексот Железара и од тие причини испораката на топлинска енергија преку нив со овие цени на гасот е неодржлива. Поради старата технологија, овие котли при работењето значително ја загадуваат и околина. Доколку се продолжеше со истиот начин на работа, со овие цени на енергенсите, тоа ќе чинеше дополнителни 15 милиони евра од буџетот по грејна сезона. Тоа значи дека или сите граѓани на Република Северна Македонија преку буџетот ќе плаќаат за одреден број потрошувачи да добиваат греење 24 часа, или сметките на сите потрошувачи во Скопје ќе бидат значително повисоки, велат од компанијата.

За информација на пошироката јавност околу надлежностите на системот за греење, од АД ЕСМ известуваат дека од вкупно 62 000 потрошувачи во Скопје (домаќинства, деловни објекти и институции), 57 500 се снабдуваат преку новоформираните фирми ЕСМ Производство, Дистрибуција и Снабдување, односно преку главната градска мрежа која претходно ја оперираше БЕГ, 4 000 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата на ЕСМ-Енергетика, и 500 преку топланата Скопје Север, која е исто така управувана од АД ЕСМ преку прокурист и финансирано од АД ЕСМ со буџетски средства.

Од АД ЕСМ нагласуваат дека треба да се има предвид оти ако нема средства од буџетот за поддршка на АД ЕСМ во оваа енергетска криза, може да се случи и воопшто да нема греење, и затоа е потребно рационално користење на ресурсите. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европската комисија назначи нов координатор за борба против омразата и дискриминацијата кон муслиманите

Следно

Австралија ја заменува банкнотата на кралицата Елизабета со нов дизајн

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop