Европската комисија назначи нов координатор за борба против омразата и дискриминацијата кон муслиманите

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) 

Европската комисија назначи нов координатор на Европската Унија (ЕУ) за борба против омразата и дискриминацијата кон муслиманите, место кое е празно 18 месеци, јавува Анадолу.

„Европската комисија ја назначи Марион Лалис на местото координатор за борба против омразата кон муслиманите“, соопшти Комисијата.

Лалис ќе работи со земјите членки, европските институции, граѓанското општество и академската заедница за „зајакнување на мерките преземени во борбата против омразата кон муслиманите“.

„Во нејзината нова улога, координаторката ќе биде главната точка на контакт за организациите активни на ова поле во рамките на ЕУ“, се истакнува во соопштението.

Лалис на Твитер објави дека е почестена што ѝ е дадена оваа функција, нарекувајќи ја нејзината мисија „важна тема што бара заеднички напори и посветеност“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Мбапе неизвесен за натпреварот против Баерн во Лигата на шампионите

Следно

ЕСМ: Греењето во Скопје ќе биде исто за сите потрошувачи, од 6 до 22 часот и внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен

Latest from Blog