Ердоган во Малатија: „Не можеме да ги вратиме мртвите, но одлучни сме да ги надоместиме сите други загуби“

April 14, 2023
1 min read

МАЛАТИЈА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, вчера присуствуваше на церемонијата на полагање камен-темелник на станбената единица и им врачи клучеви на граѓаните на Малатија, град во истоимената турска област што беше погоден од разорни земјотреси на 6 февруари, известува Анадолу.

„Не ги заборавивме изгубените животи во земјотресот, не ги заборавивме соништата што останаа под урнатините. Не можеме да ги вратиме мртвите, но одлучни сме да ги надоместиме сите други загуби“, рече претседателот на Туркије.

Ердоган положи камен-темелник за станбените единици што ќе се градат на подрачјето разорено од земјотресите и врачи клучеви за 1.442 стана, 250 куќи и 47 дуќани.

Турскиот претседател наведе дека урнатите куќи ќе ги заменат со безбедни и модерни, а обновените работни места ќе бидат покомотни. Истакна дека градовите ќе добијат нов и модерен облик. Во своето обраќање Ердоган се осврна и на изборите што се закажани за 14 мај.

„Катастрофата на столетието – земјотресите на 6 февруари и изборите што ќе се одржат на 14 мај имаат големо значење за Туркије. Туркије ќе има историски избори. Овие избори ќе ги одредат не само наредните пет години, туку и следните четврт век, половина век на нашата земја и на нашиот народ“, рече Ердоган.

Претседателот на Туркије рече дека цел е подрачјето погодено од земјотресите да се врати во нормален живот.

Ердоган претходно вети, а сега повтори, дека во првата година ќе бидат изградени 319.000 домови, од вкупно 650.000 колку што се планираат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓаните ќе може да ги кажат своите иницијативи за Скопје во новата канцеларија на улица Македонија

Следно

Судири за време на протестите: 380.000 луѓе на улиците низ Франција

Latest from Blog

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот
Go toTop