Ердоган: „Туркије никогаш нема да ја заборави меѓународната солидарност покажана по земјотресите“

March 20, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије никогаш нема да ја заборави солидарноста што ја покажале ЕУ, ОН и другите меѓународни организации по земјотресите што ја разорија неговата земја на 6 февруари, јавува Анадолу.

„Никогаш нема да ја заборавиме солидарноста што во овие тешки денови ја покажаа сите наши пријатели, ЕУ со нејзините институции, земјите членки и кандидати, ОН и другите меѓународни организации“, рече Ердоган.

Ердоган виртуелно се обрати на отворањето на Меѓународната донаторска конференција, организирана од Европската комисија и шведското претседателство со Советот на ЕУ за поддршка на жртвите погодени од разорните земјотреси во Јужна Туркије.

„Оваа конференција е уште еден пример за тоа колку добро се засновани односите меѓу нашите народи“, рече тој.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа – и однесоа животи на најмалку 50.096 луѓе.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу други во Северна Сирија.

„Туркије во моментов е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци, вклучително и 3,5 милиони Сиријци“, рече Ердоган.

„Денес, додека ги лекуваме раните од катастрофата на векот во нашата земја, се солидаризираме со сирискиот народ кој беше погоден од земјотресите.“

„Го обезбедуваме неопходното олеснување за трети страни и други земји за пренесување материјали за хуманитарна помош по копно и воздух на жртвите од земјотресот во Сирија. Ќе продолжиме вака и во иднина“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Малолетник избегал од Јавна установа за згрижување деца во Скопје

Следно

Чавушоглу: „Туркије ги виде големата солидарност и великодушност на меѓународната заедница по разорните земјотреси“

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop