Ердоган: Туркије е на второто место во светот по бројот на изведувачи, по Кина

September 18, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије е на второто место во светот по бројот на изведувачи, по Кина, и осма земја во светот според приходите остварени од странски договори, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Говорејќи на церемонијата за доделување награди организирана од Здружението на турски изведувачи во Анкара, Ердоган рече дека претприемачкиот сектор е еден од најсилните во земјата.

„Нашата земја е претставена со 43 компании на листата на 250 меѓународни претприемачи во светот. Имаме осум компании на листата на 225 најголеми технички консултанти во светот“.

Ердоган рече дека има делумно намалување на уделот на турските компании во проектните приходи оваа година, но, тој истакна дека верува дека ова намалување ќе се надомести во наредните години.

„Работата што нашите компании ја преземаат во странство не само што носат странски валути во нашата земја, туку и ја зголемуваат вредноста на брендот на Туркије“, нагласи тој.

Турскиот градежен сектор ги започна своите активности во странство во 1972 година, а во последните 52 години тие имаат завршено 12.277 проекти во вредност од 515 милијарди долари во 137 земји, рече турскиот претседател, додавајќи: „Во 2005 година, за прв пат го надминавме нивото од 10 милијарди долари во вкупната вредност на преземените проекти, а во 2012, 2013 и 2021 година соборивме рекорд на ова поле со проектни износи од 32 милијарди долари.“

Во 2023 година, и покрај проблемите што го зафатија целиот свет, како што е руско-украинскиот конфликт, годишната големина на проектот изнесуваше 28 милијарди долари, истакна тој.

Додека просечната проектна цена за турските изведувачи на почетокот на 2000-тите години беше 21 милион долари, оваа бројка достигна 65 милиони долари во 2023 година, истакна Ердоган.

Тој додаде дека со други зборови, постигнат е многу сериозен напредок на секое поле.

Во 2002 година, вкупните меѓународни приходи на 250-те најголеми компании-изведувачи во светот изнесуваа 106,5 милијарди долари, а до 2023 година оваа бројка се зголеми на 430 милијарди долари, рече Ердоган, додавајќи дека до 2030-те години се очекува да достигне 750 милијарди долари.

„Сè уште има огромен потенцијал што чека да биде откриен“, нагласи турскиот претседател.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЛШ: Интер освои бод против Манчестер Сити, несреќен пораз на Џирона

Следно

ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци

Latest from Blog

Кои се сестрите Надер? Ги нарекуваат новите Кардашијан

Серијата во голема мера се потпира на проверена и вистинита формула: атрактивните сестри се ослободуваат од традиционалното воспитување, минуваат низ јавни раскинувања, лансираат модни линии и се караат пред камерите за време

Поранешниот голман на Арсенал го купува славниот клуб од Минхен и ќе гради нов стадион

фото: Sky Sports UK (X) Поранешниот голман на Арсенал и на германската репрезентација, Јенс Леман, ќе стане ко-сопственик на германскиот третолигаш Минхен 1860, објави „Абендцајтунг“. Според изворот, поранешниот голман е сериозно решен

Пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Политичкиот активист и подкастер Чарли Кирк почина, објави Доналд Трамп на Truth Social. Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека конзервативниот активист Чарли Кирк почина откако беше застрелан на настан во

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв
Go toTop