Ердоган: „Нема да дозволиме пред нос да ни се формира терористичка држава“

June 15, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА)

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес предупреди дека секој повторен обид на терористичката група ПКК да одржи наводни избори во Сирија ќе наиде на решително противење од стана на Туркије, известува Анадолу.

„Нема никакви избори, ајде прво тоа да го разјасниме“, рече претседателот Ердоган одговарајќи на прашањата на новинарите по враќањето од посетата на Шпанија и Италија и додаде:

„Постои план кој е договорен за легитимирање на терористичката организација и формирање терористичка држава во регионот“.

Ердоган го истакна искуството на Туркије во попречувањето на ваквите планови во минатото.

Посочувајќи дека турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, имал опсежни разговори во Москва со претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за овие критични прашања, Ердоган истакна:

„Терористичката организација ПКК и другите нема да имаат можност слободно да дејствуваат во Сирија. Доколку дојде до таква ситуација, секако соодветно ќе ги мобилизираме нашите релевантни единици. Нема да дозволиме пред нос да ни се формира терористичка држава. Никогаш нема да се двоумиме да сториме сè што е потребно за да го постигнете тоа“.

Терористичката група претходно објави дека наводните локални избори, кои претходно на окупираните територии беа закажани за 11 јуни, се одложени за 18 август.

– Ставот на Туркије и Шпанија за Палестина

Ердоган зборуваше за растечките трговски и културни врски меѓу неговата земја и Шпанија и го истакна единствениот став на двете земји за палестинското прашање.

„Шпанија се покажа како светилник што го води бродот на човештвото во темнината“, рече Ердоган, алудирајќи на одлуката на Мадрид од 28 мај за признавање на палестинската држава, заедно со Норвешка и Ирска.

„Нашата заедничка перспектива со Шпанија за прашањето за Палестина е од клучно значење“, рече Ердоган, додавајќи дека ставот на Шпанија би можел да влијае на другите европски нации да ја преиспитаат својата поддршка за Израел.

„За да го поминат палестинскиот тест со кој се соочува човештвото, мислам дека повеќе земји треба храбро да му кажат ‘стоп’ на Израел и да застанат на страната на мирот“, рече турскиот претседател.

– Резолуција на ОН за прекин на огнот

Ердоган, исто така, изрази внимателен оптимизам во врска со усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се предлага трифазен договор за прекин на огнот во Газа, каде што Израел уби повеќе од 37.000 Палестинци за нешто повеќе од осум месеци.

„Иако резолуцијата усвоена од Советот за безбедност на ОН е позитивен чекор, таа може да се смета за неадекватна. Сите добро знаеме колку одлуки на хартија се игнорирани од страна на Израел.“

Тој повтори дека патот до конечниот мир во регионот лежи во решението со две држави и ги повика членките на Советот за безбедност да ја признаат Палестина како држава.

Ердоган рече дека е задоволен од предлогот за прекин на огнот што го објави американскиот претседател Џо Бајден на 31. мај, но рече дека има потреба од искрени напори за прекин на насилствата во Палестина.

Коментирајќи ги односите на САД со Израел и пропалестинското протестно движење низ Америка, Ердоган рече:

„Засилените гласови од американските универзитети, улици, студенти и ректори укажуваат на тоа дека во тек е значителна промена“.

„Да се ​​надеваме дека со претстојните избори во САД, атмосферата може да се развие поинаку“, додаде турскиот претседател.

– Набавка на Еурофајтер

Во врска со купувањето на „Еурофајтер Тајфун“ и приговорите на Германија, Ердоган рече дека по тоа прашање имало разговори со шпанскиот премиер Педро Санчез.

„Како што знаете, шпанските авиони за обука се важни. Тие имаат можност да ни ги дадат овие авиони за обука. Но, наместото контакт со Германија, им реков (на Шпанија) да ни помогнат во овој поглед“, Ердоган.

Овие млазни авиони заеднички се развиени од Германија, Велика Британија, Италија и Шпанија.

„Еурофајтер е важен за нас во моментов“, рече Ердоган, додавајќи дека претставници од министерството се вклучени во разговорите за унапредување на оваа програма. Тој нагласи дека Туркије претпочита да купува одбранбени производи од сојузниците во НАТО.

„Нашиот основен пристап е јасен: претпочитаме да ги задоволиме потребите првенствено од нашите сојузници во НАТО. Меѓутоа, доколку на крајот од процесот се добие негативен резултат, не сме без алтернатива“, рече претседателот на Туркије.

Ердоган го истакна напредокот на Туркије во одбранбените способности, вклучително и борбениот авион КААН.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Телата на деветмина Палестинци се извлечени од урнатините во Рафа

Следно

„Мировна конференција за Украина“ – светските лидери во мисија за крај на војната, Путин вели – ова е фарса

Latest from Blog

Карл Билд: Сè укажува дека Доналд Трамп ќе ја нападне Венецуела

Поранешниот шведски министер за надворешни работи, Карл Билд, денес изјави дека очекува напади од САД врз Венецуела. „Сè укажува дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе изврши напади во Венецуела. Тој ја овласти

Администрацијата на Трамп планира мисија во Мексико против нарко-картелите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна детално да планира нова мисија во која американски војници и разузнавачи би биле испратени во Мексико за борба против нарко-картелите, потврдија двајца американски функционери и

Со воведување на овој вид вежбање, можете да ја подобрите циркулацијата и здравјето на срцето

Според експертите, претходно се верувало дека клучот за здравјето лежи во вечерната прошетка како идеална рутина, но честите движења како што се чучњевите сè уште се сметаат за посоодветни. Неврологот д-р Судир

Ова се новите пратеници во македонското собрание

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов се кандидатите за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори, заклучи Државната изборна комисија
Go toTop