Ердоган на церемонијата на поставување камен-темелник на изградбата на станови и државни болници во областа Хатај

March 24, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес вети дека заедно ќе ги залечат раните на жртвите од силните земјотреси што минатиот месец ги погодија јужните делови на земјата и одзедоа над 50.000 животи, јавува Анадолу.

„Заедно ќе ги отстраниме трагите од оваа катастрофа“, рече Ердоган на церемонијата за поставување камен-темелник во турската област Хатај која беше погодена од земјотресот.

На 6 февруари земјотресите со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, како и многу други во северна Сирија.

„Нема да го напуштиме (регионот погоден од земјотресот) додека не се залечат сите рани и сè што е уништено не се изгради повторно на подобро“, додаде Ердоган.

„Туркије планира да изгради објекти во рок од една година за задоволување на потребите на луѓето погодени од земјотресите“, рече Ердоган, додавајќи дека 319.000 домови ќе бидат изградени во првата година, а 650.000 вкупно.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште двајца кинески фудбалски раководители под истрага за корупција

Следно

Наставничка со тврд предмет нападнала ученичка во скопско училиште

Latest from Blog

Итна седница на НКТ: По згаснатите животи на Ивана и Катја ќе се менуваат неколку закони

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство со кое претседаваше заменик министерот за социјална политика, демографија и

Берзата со промет од 26,5 милиони денари – раст кај Универзална инвестициона банка, пад кај Гранит

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 10 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,18% и заврши на 9.886,57

Коњановски: Битола никогаш нема да ги заборави своите сограѓани Евреи

Со неколку настани, денес во Битола се одржа комеморативно одбележување на 83 годишнината од депортацијата на битолските Евреи, во организација на Еврејската заедница на Република Македонија, со поддршка на општина Битола. Градоначалникот
Go toTop