Ердоган: „Имаме сопствен природен гас“

April 29, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека Туркије во иднина ќе има доволно нафта за да ги задоволи сопствените потреби, јавува Анадолу.

Ердоган вчера, преку видеолинк, се вклучи на свеченото отворање на Мостот на шехидите од 15 јули во турскиот град Адана.

Тој истакна дека деноноќно работат на обезбедувањето помош и поддршка на луѓето во областите погодени од земјотресот на југот на Туркије, вклучително и Адана.

Како што рече, благодарение на 650.000 нови домови што ќе се изградат во рок од една година, градовите во регионот погодени од разорните земјотреси повторно ќе оживеат.

„Нашиот народ добро знае дека нема вложувања и производство без инфраструктура, како и вработувања и секогаш нè поддржува во тоа 21 година“, рече Ердоган.

Тој особено ја нагласи важноста на инвестирањето во областа на енергетиката.

„Имаме сопствен природен гас и се надевам дека во не така далечна иднина ќе ги дочекаме деновите кога ќе имаме доволно нафта за да ги задоволиме нашите потреби“, рече турскиот претседател.

Ердоган минатата недела изјави дека целосниот капацитет на експлоатацијата на црноморскиот гас ќе надомести речиси 30 отсто од вкупните потреби на Туркије.

Говорејќи на церемонијата на пуштање во погон на црноморското наоѓалиште на природен гас, Ердоган рече дека Туркије „прави историски чекор кон енергетска независност.“

Во август 2020 година, 320 милијарди кубни метри природен гас беа откриени во бунарот Туна-1 во гасното поле Сакарија во Црно Море, што претставува најголемо откритие на тој енергент во историјата на Туркије.

Со дополнителни 85 милијарди кубни метри откриени во октомври 2020 година, вкупната количина откриени резерви на гас изнесува 405 милијарди кубни метри.

По откривањето на 135 милијарди кубни метри во бунарот Амасра-1 во јуни 2021 година, резервите на црноморски гас изнесуваат 540 милијарди кубни метри.

Уште 58 милијарди кубни метри гас се пронајдени во декември 2022 година во бунарот Кајкума-1 во југозападниот дел на Црно Море.

Независната процена покажа дека турските резерви на гас во Црното Море ќе достигнат 710 милијарди кубни метри, со пазарна вредност од околу билион долари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Напад на украински дронови предизвика огромен пожар на Крим

Следно

Во Данска повторно осквернати Куранот и турското знаме

Latest from Blog

Милионски зделки во сенка на скандалот со Nvidia: Како компаниите на Алис Хуанг ги финансираа центрите за вештачка интелигенција во Кина

Компаниите поврзани со Алис Хуанг, жената чија афера со Јенсен Хуанг доведе до негово кратко заминување од раководството на Nvidia, обезбедија финансирање за големи центри за податоци за вештачка интелигенција во Кина,

Божиновска: Скопската декларација треба да отвори пат за нова генерација инженерки и лидерки

Скопската декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија беше потпишана денеска на Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори на енергија и жените во енергетиката“ во Скопје. Министерката за енергетика,

Општина Битола: „Зимска приказна“ почнува на 21 декември, отворен е повикот за учесници

Општина Битола објави јавен повик за учество во новогодишната манифестација „Зимска приказна“. Преку повикот ќе се избираат културни и туристичко-промотивни настани што ќе ја збогатат празничната програма во градот. Манифестацијата ќе се

Тоневски: Се обновува ракометното игралиште во центарот на Пробиштип

Во тек е реконструкцијата на ракометното игралиште во центарот на Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Со проектот е предвидено поставување нова спортска подлога, поставување седишта на трибините и подобрување на осветлувањето, со
Go toTop