Ердоган: Геноцидот во Газа го зазеде своето место меѓу историските срамови на човештвото

October 12, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека геноцидот во Газа се случува пред очите на сите, и дека го зазеде местото меѓу „историските срамови на човештвото“, јавува Анадолу.

Ердоган одговараше на новинарски прашања во авионот на враќањето од дводневната мини-балканска турнеја во главниот град на Албанија, Тирана, и главниот град на Србија, Белград.

Тој нагласи дека агресивноста на Израел не може да се игнорира, и порача: „Ги следиме нивните акции и потенцијални чекори кон Туркије со нашата разузнавачка агенција.“

Турскиот претседател нагласи дека Израел не само што ја таргетира стабилноста на Палестина и Либан, туку се обидува да ги прошири немирите и во околниот регион.

„Соништата на Нетанјаху и неговата банда ќе се претворат во кошмар“, порача Ердоган, додавајќи: „Палестина ќе биде слободна, Либан ќе остане слободен.“

Тој предупреди дека Израел е најдиректната закана за регионалниот и глобалниот мир и упати апел дека „оние кои имаат задача да го заштитат светскиот мир мора да стават крај на оваа закана.“

„Оние кои стојат покрај ционистичката терористичка организација наречена Израел“ ќе ја носат трагата на овој срам (геноцидот во Газа) со генерации, нагласи турскиот претседател.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Тошковски: Отворивме нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните

Следно

Мицкоски ќе се сретне со претставници на СОНК – од синдикатот бараат покачување на платите на наставниците

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop