ЕП ја повикува ЕК да отвори истрага за работата на комесарот Вархеји

January 18, 2023
1 min read

Резолуцијата на Европскиот парламент за спроведување на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, која беше усвоена денеска на пленарна седница, содржи параграф со кој се повикува Европската комисија да започне „независна и непристрасна истрага“ за Оливер Вархеји, со цел да се утврди дали однесувањето на комесарот за проширување и соседска политика „го крши кодексот на однесување на членовите на Комисијата“.

Тој член од резолуцијата беше усвоен со 357 гласа „за“, од вкупно 632 пратеници кои гласаа.

Овој напис наведува дека „комесарот одговорен за соседска политика и проширување намерно се обидува да ја заобиколи и поткопа централната важност на демократските реформи и реформите на владеењето на правото на земјите што влегуваат во ЕУ“.

Написот стана дел од Резолуцијата на барање на холандскиот пратеник Тејс Рутен од групата на социјалисти и демократи.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лајчак и Ескобар и официјално в петок во Белград и Приштина, во тимот на ЕУ се вклучува и Италија

Следно

Именуван е ВД директор на Управата за извршување на санкции, еве кого избра Владата

Latest from Blog

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop