Енергетскиот форум во Истанбул собра повеќе од 1.000 учесници

November 22, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА)

Во турската метропола Истанбул заврши Истанбулскиот енергетски форум, организиран од страна на Агенција Анадолу и под покровителство на Министерството за енергетика и природни ресурси на Туркије.

Форумот, кој се одржа во Конгресниот центар во Истанбул, беше домаќин на учесници на министерско ниво од десет земји, претставници на меѓународни организации, домашни и странски невладини организации, академици и водечки личности од светот на бизнисот.

– Значење на мирот во светот

Главната тема на Форумот за енергетика во Истанбул беше „Заедничка иднина, заеднички цели“.

На форумот присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ја нагласи важноста на мирот во светот.

„Глобалната економија не може да постигне просперитет, да се обезбеди сигурност во снабдувањето со енергија и да се воспостават мирот и хармонијата во светот без да им се даде вредноста што ја заслужуваат на човештвото и на животната средина“, потенцираше Ердоган.

Тој истакна дека Туркије има намера да стане еден од водечките светски трговски центри трансфер на енергија.

„Со седум гасоводи, два терминали за течен природен гас (LNG) и 15 влезни точки, Туркије има потенцијал да стане еден од водечките светски трговски центри за трансфер на енергија“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Туркије има за цел до 2025 година да биде меѓу првите 3 земји по обновливи извори на енергија во Европа, како и меѓу првите 10 во светот.

– Повеќе од 1.000 учесници

Шефот на Канцеларијата за вести на Агенција Анадолу, Огузхан Озсој, на завршната сесија истакна дека Форумот бил домаќин на повеќе од 1.000 учесници.

„Истанбулскиот енергетски форум, кој по првпат се одржа оваа година, има важна улога во решавањето на иднината на енергетскиот сектор, испитувањето на регионалната динамика и развојот на дијалогот на глобалната сцена“, рече Озсој.

Во текот на еднодневната програма, учесниците ги разгледаа прашањата за регионалните цели во енергетскиот сектор, улогата на Туркије во безбедноста на снабдувањето со природен гас, финансирањето на енергетската трансформација, како и релевантни теми поврзани со пазарите на нафта, природен гас и безбедноста во снабдувањето.

За време на главната сесија, на учесниците им се обратија турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, турскиот министер за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Туркије Фахретин Алтун и претседателот на Одборот на директори и генерален директор на Анадолу Сердар Карагоз.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Роналдо со гол бр. 911, Ал Наср шокиран дома (ВИДЕО)

Следно

Силен ветер попладнево ја зафати Битола, предизвикана голема матерјална штета

Latest from Blog

Марјан Ѓорчев во Отворено: Извештајот говори и дека уставните измени треба да се спроведат

Поранешниот пратеник Марјан Ѓорчев во Отворено рече дека изјавата дека македонискиот јазик е цементиран не е точна. Според него за да македонскиот стане официјален јазик во ЕУ треба да биде објавен во

Претседателот Ердоган се сретна со американскиот претседател Трамп

ХАГ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, известува Анадолу. Претседателите Ердоган и Трамп се сретнаа по ручекот што го приредија холандскиот крал Вилем-Александар

Прекин на огнот меѓу Иран и Израел – до кога ќе трае?

Иранскиот Врховен совет за национална безбедност соопшти дека е донесена „национална одлука за прекин на огнот“ против, како што го нарекуваат, „ционистичкиот непријател и неговите поддржувачи“. Во соопштението се наведува дека иранските

Ѓорчев во Отворено: Извештајот говори и дека уставните измени треба да се спроведат

Поранешниот пратеник Марјан Ѓорчев во Отворено рече дека изјавата дека македонискиот јазик е цементиран не е точна. Според него за да македонскиот стане официјален јазик во ЕУ треба да биде објавен во

Муцунски во интервју за ТВ21: Бугарија навлезе во руски наратив кој има цел дестабилизација на регионот

НАТО постои веќе повеќе од 75 години и никогаш порано немало сомнение дека сојузниците можат да сметаат едни на други. Сè до сега. Американскиот претседател Доналд Трамп отворено шпекулира дека земјите-членки на
Go toTop