Елмас повторно стартер: Наполи се спасуваше од пораз на “Марадона“!

January 7, 2026
1 min read
ФОТО: SSC Napoli/FB

Наполи – Верона 2:2 вечерва на “Марадона“ во Неапол во меч од 19.коло во Серија А. Секако дека ова е голем кикс на шампионот, но тимот на Антонио Конте може да биде и задоволен ако се знае дека Верона имаше и 0:2.

Инаку македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно беше стартер, во 8.минута имаше и шанса за гол а во игра беше до 63.минута.

Гостите поведоа со голот на Фресе во 16.минута, на 0:2 од пенал удвои Орбан во 27.минута.

Во 54.минута МекТоминеј намали на 1:2, Хојлунд израмни, но неговиот гол беше поништен. Сепак шампионот се спаси од пораз во 82.минута со голот на Ди Лоренцо.

Во судиското продолжение Верона имаше и супер – шанса за 2:3, но сепак на крајот овој меч заврши без победник. Сериозен кикс на Наполи во битката за титулата.

На вториот меч од терминот од 18:30 часот, Аталанта како гостин ја победи Болоња со 0:2.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се зголеми невработеноста во Германија

Следно

Вучиќ најави ново оружје: “ПРВИ ЌЕ ГО ИМАМЕ ВО ЕВРОПА, 2026 година ќе биде најдобра во економска смисла“

Latest from Blog

Д-р Бошковска: Се чини дека грипот го достигнува својот пик, на Клиниката во Козле речиси комплетно е исполнет капацитетот, хоспитализирани се и доенчиња

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле на дневно ниво амбулантски се прегледуваат и до 250 пациенти, а хоспитализирани се 90-ина деца, со што болничкиот капацитет е речиси комплетно

ГОРИ ФАБРИКАТА НА „КОМОДИТА“, пожарникарите се борат со огнот во Ѓаковица (ВИДЕО)

Голем пожар попладнево ја вознемири Ѓаковица, откако избувна огнена стихија во фабриката за душеци „Комодита“. Густ црн чад се издигна над градот и беше видлив од километри, додека пламените јазици брзо го

Одрон од карпа на патот Скопје-Велес

Одрон од карпа на патот Скопје-Велес, во прекин дел од патните правци во крушевско, забрана за товарни возила на патот Струга-Ќафасан соопшти МВР. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во
Go toTop