Еквадорските власти го уапсија водачот на бандата Лос Лобос, една од најголемите нарко-криминални групи во земјата, во соработка со шпанската полиција, изјави денес еквадорскиот претседател Даниел Нобоа.
Вилмер Џовани Чаварија Баре, познат како Пипо, предводел моќна криминална група која во септември беше прогласена за странска терористичка организација од страна на САД, заедно со соперничката организација Лос Чонерос, објави Ројтерс.
Нобоа рече дека Чаварија ги контролирал нелегалните рударски операции и рутите на дрога со мексиканскиот картел „Нова генерација Халиско“ и ја лажирал својата смрт, ги менувал идентитетите и се криел во Европа од каде што нарачувал ликвидации во Еквадор.
Извор: tv21


