Египетски медиуми: Каиро ги интензивира напорите за да спречи ескалација меѓу Хамас и Израел

1 min read

КАИРО (АА) – Египет ги засилува напорите за спречување на ескалацијата меѓу Хамас и Израел по израелската наредба за евакуација на Палестинците од источните населби на градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, јавија денес египетските медиуми, пренесува Анадолу.

Египетскиот државен канал Ал-Кахера њуз, цитирајќи високи извори објави дека египетската безбедносна делегација ги интензивира контактите и со Израел и со Хамас за да спречи ескалација меѓу двете страни.

Израелската војска денес издаде наредба за итна евакуација на Палестинците од источните делови на Рафа и ги повика да се префрлат во градот Ал-Маваси во јужниот дел на Газа.

Се проценува дека околу 100.000 палестински цивили живеат во подрачјата што треба да се евакуираат, според израелското армиско радио.

Рафа е дом на над 1,5 милиони раселени Палестинци кои се засолнија во градот од војната што ја започна Израел по нападот на Хамас на 7 октомври, во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш, во израелските напади загинати се над 34.600 Палестинци, главно жени и деца, и предизвикана е огромна хуманитарна катастрофа.

Речиси седум месеци по почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, 85 отсто од населението на енклавата е внатрешно раселено, и воведена е целосна блокада на храна, чиста вода и лекови, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Во привремената пресуда во јануари се наведува дека е „веројатно“ дека Израел врши геноцид во Газа и му е наредено на Тел Авив да ги запре таквите акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Пораки од партиските лидери на финишот на изборната кампања

Следно

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина

Latest from Blog