Дводневен Саем на креативни индустрии

November 20, 2023
1 min read

Дводневен Саем на кративни индустрии со фокус на одржливоста ќе се одржи на 28 и 29 ноември во киното „Синеплекс“. На саемот ќе се претстават повеќе од 40 учесници. Настанот е во организација на здружението „Балкан синема ситис“ и Унијата на македонски организации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, заедно со „Скопје сити мол“.

Во најголем дел ќе се претстават поединци и мали бизниси од најразлични креативни дисциплини во чиј фокус се одржливоста, креативниот пристап, уникатноста. Предвидено е учество на мали и средни бизници, факултети, организации и платформата „Yes for Less“. Освен уникатни литературни изданија за деца, роботика и 3Д принтани фигури, скулптури, гастрономски уникатни производи, мода, дизајн, ќе има и музика во живо со инструменти, видео игри на Нинтендо, електронски решенија од Факултетот за електротехника и информациски технологии, претставување на уникатна храна во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна, мебел и уникатни дрвени производи изработени од остатоци од мебел, органска козметика, стрипови, и многу повеќе.

Новитет на саемот се повеќе едукативни работилници за основци и средношколци што ќе се одржуваат двата дена, како и едукативни презентации на самите штандови. На дводневниот настан посетителите ќе имаат и можност да дегустираат и производи.

Саемот на креативни индустрии е единствен настан каде што на едно место ќе се претстават различни гранки од креативните индустрии, во еден изложбен простор со цел да, да се поттикне домашната креативност, да се прикажат оригинални идеи и сиот потенцијал на креативните индустрии на јавноста. Саемот е осмислен како изложба за креативниот сектор проследена со работилници, настапи во живо, галериско изложување и централна изложба. Соединувањето на цела инфраструктура сочинета од дизајнери, уметници и водечки организации е иницијатива која има за цел да го подигне профилот на креативниот сектор, да ги поврзе организациите кои имаат заеднички интерес во креативните индустрии. Настанот ќе ги обедини сите креативци без оглед од кој сегмент на креативните индустрии доаѓаат.

Саемот за креативни индустрии се организира во два дела, од кои вториот ќе се одржи во Битола на 15 декември во Културен и информативен центар – Битола.

Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, Град Скопје и Британскиот совет и Нептун. 

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новите IQOS ILUMA лансирани во Македонија: За иднина без чад од тутун

Следно

Претседателските и парламентарните избори 2024 година треба да се одржат на ист датум, велат од Партијата на Турците

Latest from Blog

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде државен приоритет, потребни се конкретни мерки и стабилно финансирање

Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор
Go toTop