Две третини, од речиси 10 милиони евра за изборите, се наменети за медиумите за политичко рекламирање

August 10, 2025
3 mins read

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври. Собранискиот спикер го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите.

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025, кој е веќе објавен, изнесува 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање. Дополнително на овие пари е и сумата за надоместоците на членовите на избирачките одбори и транспортот и дистрибуцијата на членовите на ИО и избирачкиот материјал од ОИК до избирачките места каде што ќе се гласа, бидејќи тие ги обезбедуваат локалните самоуправи. Од ДИК за МИА велат дека се направат напори по сите основи да се рационализира за да се намалат трошоците. 

Со распишувањето на изборите, започнаа да течат роковите за спроведување на изборните дејствија, согласно Изборниот законик и според календарот што треба да го донесе Државната изборна комисија.

Ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Според бројот на учесници, изборната администрација, вклучувајќи ги и вработените во Државната изборна комисија (ДИК), локалните избори се најголеми и најмасовни. Карактеристично исто така за овие избори е што дијаспората нема да може да гласа, а ако некој од македонските државјани сака да го искористи своето право тоа ќе може да го направи само доколку допатува во земјата. 

ДИК како што информираа од таму, со месеци наназад се подготвува за спроведување на овие осми локални избори во земјата. Веднаш по распишувањето на изборите ДИК одржи јавна седница на која согласно Изборниот законик беше објавен календарот со сите рокови за избирачките дејствија, како и сите права и обврски за избирачките органи, учесниците на изборите и медиумите.

Со 95 гласа „за“ и без ниту еден против или воздржан, Собранието вчера ги избра новите членови на Државната изборна комисија, согласно Предлог одлуката што претходно на седница ја донесе собр

До крајот на месецот ДИК ќе го заврши случајниот избор на членовите на избирачките одбори од редот на администрацијата согласно податоците од Министерството за јавна администрација. За 3.500 избирачки места треба да бидат избрани 21.000 лица од администрацијата кои ќе бидат во избирачките одбори (ИО), кои во текот на септември ќе поминат комплетна обука за спроведување на изборите и ќе им бидат поделени прирачници. Дополнително ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Вреди, како партии односно коалиција со најголем број гласови на минатите избори, во септември, согласно роковникот, треба да номинираат 14.000 членови за избирачките одбори. Составот на избирачките одбори се менува бидејќи на нивните членови им е истечен мандатот. 

Општинските изборни комисии (ОИК), пак, чиј мандат трае уште една година, согласно Изборниот законик, имаат важна улога на локалните избори, бидејќи тие ги примаат кандидатските листи и ги потврдуваат, а потоа и одлучуваат по евентуални жалби, како и за приговорите за лично избирачко право.  

Еден од поважните рокови и изборни дејствија е увидот во Избирачкиот список (ИС), кој започнува 15 дена по распишувањето на изборите и трае дваесет дена. Ова е период во кој избирачите со право на глас, односно оние со наполнети 18 години, ќе можат да ги проверат своите податоци во ИС и доколку имаат забелешки и барања за корекции да ги допстават до ДИК електронски или до подрачните канцеларии на Комисијата. Избирачите можат и сега да го сторат тоа, но ажурираниот Избирачки список за локалните избори до ДИК ќе биде доставен набрзо по распишувањето на изборите односно следната недела. 

Политичките партии и коалициите, како и други граѓани најавија учество на изборите. Дел од кандидатите веќе и се познати на јавноста и тие се меѓу граѓаните, се претставуваат на социјалните мрежи, во телевизиски и медиумски емисии. Некои од независните кандидати на минатите избори се обидуваат да регистрираат политички субјекти за да може полесно да се вклучат на изборите. 

Од ДИК коментираат дека не може да стане збор за прерано почната кампања на кандидатите бидејќи реално се уште нема кандидати за изборите. Кандидатурите односно листите согласно Изборниот законик се потврдуваат 30 дена пред изборите, а кампањата почнува 20 дена пред тоа.  

Во однос на тоа кои политички партии можат да учествуваат на изборите, од ДИК упатуваат на законските одредби, како за субјектите така и за кандидатите. Условот за партиите е да се регистрирани, а потврдата, што треба кај нив да ја достават, да не е биде постара од шест месеци. 

null

За изборот на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), велат дека мислење треба да даде самата ДКСК и упатуваат на членот 8а од Изборниот законик. 

Согласно членот 8а од Изборниот законик, меѓудругото, е превидено исто така дека не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

Од распишувањето на изборите Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовните плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страница во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. Две недели, пак, по распишување на изборите Министерството поднесува предизборен финансиски извештај во кој ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесувањето на извештајот кој се објавува на нивната веб страница. 

null

Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Во состав на Градот Скопје функционираат 10 општини, кои имаат поделени надлежности со Градот. Изборите ги распишува претседателот на Собранието со донесување акт што се објавува во Службен весник. Изборите се одржуваат најрано 70, а најдоцна 90 дена од денот на распишување на изборите. 

Локални избори во Македонија се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.  

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Погачар со најголема заработка во велосипедизмот!

Следно

Активен еден пожар во Македонија

Latest from Blog

Силен ракометен турнир ќе се игра во Охрид

Квалитетен меѓународен ракометен турнир со осум екипи од 19 до 23.август ќе се игра во Охрид. Натпреварите ќе се играат во салата во СРЦ „Билјанини извори“, а годинава ќе биде четвртото издание

Вицепремерот Меџити покровител на свечен прием по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Премиерот Христијан Мицкоски, вечева дојде на свечен прием организиран од првиот вице премиер  Изет Меџити по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор. На свеченоста беа присутни и дел од министрите, како

Продолжува пеколниот топлотен бран: Прогноза за Македонија и балканските летувалишта

Жештината не попушта. Најголем дел од Македонија и регионот остануваат под силно сонце, со температури кои се на врвот на живиниот термометар. Ако патувате на море—добро планирајте го возењето. Македонија Скопје: до

125 лица осомничени за подметнување пожари во Албанија, 22 во притвор – Рама најави дека потпалувањето ќе се казнува како убиство

Под сомнение за подметнување пожари во Албанија се осомничени 125 лица, додека 22 се во притвор, изјави Ервин Хоџа, министер за внатрешни работи. Од Грамш, каде состојбата е повеќе од критична тој

Шкендија поведе, па убедливо загуби од Карабах

Фудбалерите на Шкендија претрпеа убедлив пораз со 5:1 на гостувањето кај Карабах и со вкупни 6:1 се елиминирани од првакот на Азербејџан. Ова беше реванш натпревар од третото квалификациско коло од Лигата
Go toTop