Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

August 14, 2026
1 min read

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај.

Пресметката на Фактор покажува дека само една година претходно, на крајот од 2024 година, вредноста била околу 39 милиони евра. Тоа значи дека за една година во Агенцијата се натрупале дополнителни речиси 10 милиони евра одземен имот, односно раст од околу 25 проценти.

Од вкупните 48,9 милиони евра, околу 31 милион евра се одземени недвижности наменети за продажба, а околу 17,8 милиони евра се конфискувани материјали и друга стока.

Дел од недвижностите, сепак, сè уште не можат да бидат ставени на продажба. Во ревизорскиот извештај се посочува дека кај дел од нив има запишани хипотеки, а расчистувањето на статусот зависи и од други институции.

„Постапките за нивно ослободување од запишаните оптоварувања зависат од постапување и одлуки на повеќе надлежни институции и трети страни“, се наведува во извештајот.
Во исто време, приходите од продажба на конфискуван имот во текот на цела 2025 година изнесувале само околу 1,34 милиони евра. Од нив, околу 1,16 милиони евра се од продажба на недвижен имот, а околу 179 илјади евра од продажба на конфискувани возила.

Така, на крајот од годината Агенцијата имала одземен имот вреден речиси 49 милиони евра, додека за цела година од продажба биле собрани околу 1,34 милиони евра.

Агенцијата за управување со одземен имот го презема и управува имотот што е конфискуван со судски и други одлуки. Нејзина задача е да ја зачува неговата вредност, да го чува и евидентира, а кога се исполнети условите и да го продаде, изнајми или отстапи согласно законските процедури.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рано во сезоната, а веќе имаме фантастичен гол вреден награда (ВИДЕО)

Latest from Blog

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако

Водата во Демир Капија е забранета за пиење

Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На
Go toTop