Поради обилни дождови во Валенсија како во последните 24 часа, така и во следниот период, денешниот меч од новото коло во шпанската Примера помеѓу екипите на Леванте и Виљареал кој што требаше да стартува од 18:30 е одложен.
Натпреварот најверојатно ќе се игра на 7 или 8 јануари, што е неделата во која обично се играат натпреварите од Суперкупот.
Цивилната заштита, институцијата одговорна за заштита на населението, одлучи дека е премногу ризично да се игра овој дуел во закажаниот термин, а од Фудбалската Федерација ги испочитуваа препораките.
🚨 𝗔𝗽𝗹𝗮𝘇𝗮𝗱𝗼 el @LevanteUD – @VillarrealCF tras los avisos de alerta roja por fuertes lluvias.
🔗 https://t.co/TSdGETAd5Z pic.twitter.com/3ovXetU5Xa
— RFEF (@rfef) December 14, 2025
Извор: vecer.mk


