Дождот нема да престане ни викендов, од понеделник заладување

November 19, 2025
1 min read

Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 4 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 8 до 17 степени.

Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд.

Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Хакими е освојувач на “Златната топка“ во Африка!

Следно

25 убиени во руски напад врз станбена зграда во западна Украина

Latest from Blog

Нови детали во случајот со распарченото тело на тинејџерка во автомобил на рапер- дури сега е обвинет

Според „Унилад“, истражителите ја испитуваат неговата можна поврзаност со смртта на тинејџерката Селесте Ривас Хернандез. Грозоморно откритие во Холивуд Телото на Селесте Ривас Хернандез беше пронајдено на 8 септември оваа година во

Без вина поминал 38 години во затвор: Ме претепуваа во ќелијата, не смеев да пријавам (ВИДЕО)

Во своето прво интервју за Би-Би-Си по неговото ослободување, тој рече дека верува оти бил „наместен“ во 1986 година за убиството на Дајан Синдал, цвеќарка од Биркенхед, која беше брутално нападната и
Go toTop