Досега 46 жртви од поплавите во Бразил

February 22, 2023
1 min read

Властите на Саун Себастијао велат дека според прогнозата се очекува до петок во регионот повторно да има обилни врнежи и предупредуваат на нови опасности од лизгање на земјиштето и поплави

Бројот на жртвите од обилните дождови што ги опустошија крајбрежните области на југоисточната бразилска држава Саун Пауло се искачи на 46.

Обилните дождови за време на викендот предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави, кои оставија речиси 2 500 луѓе сè уште раселени или без покрив над главата, се вели во соопштението на владата на државата Саун Пауло во кое се додава дека спасувачките напори се во тек.

Градот Саун Себастијао го сноси најголемиот дел од човечките жртви, со пријавени 45 смртни случаи.

Властите на Саун Себастијао велат дека според прогнозата се очекува до петок во регионот повторно да има обилни врнежи и предупредуваат на нови опасности од лизгање на земјиштето и поплави.

Од викендот крајбрежниот регион на најбогатата држава во земјата е погоден од обилни врнежи од дожд.

Гувернерот на државата Саун Пауло, Тарцисио де Фреитас, рече дека морнарицата ќе изгради теренска болница за жртвите.

Саун Пауло прогласи вонредна состојба од 180 дена во шест градa во државата: Саун Себастијао, Карагуататуба, Илхабела, Убатуба, Гуаруја и Бертиога.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдено телото на спортскиот директор на Хатајспор

Следно

Баербок и Фезер во Туркије: Последиците од земјотресите не можат да се опишат со зборови

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop