Донарума: Критиките не ме засегаат

October 7, 2024
1 min read

Голманот на Пари Сен-Жермен,  Џанлуиџи Донарума се осврна на синоќешното реми со Ница (1:1) во 7. коло од Лига 1.

– Првото полувреме не помина добро, мораме да играме подобро. Мора да додадеме на интензитет, ова е исклучително важно. Во вториот дел одигравме подобро. Многу сум лут што повторно примивме гол. Треба да бидеме поагресивни. Критиките не ме засегаат, јас сум подготвен за тоа, изјави Донарума за „L’Equipe“.

Италијанецот изминатите неколку дена е критикуван во француските медиуми поради лошите изданија на неколку натпревари на ПСЖ. Се шпекулира дека му е загрозено и местото во почетниот состав.

По седум кола ПСЖ е на второто место во поредокот во Француското фудбалско првенство со 17 бодови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Билансот на цивилни жртви во Газа се приближува до 42.000 на годишнината од геноцидната војна на Израел

Следно

Одбележан Европскиот ден на органодонорството, за неполни четири години направени 85 трансплантации

Latest from Blog

Жесток удар за Барса – Флик не го одмори ниту минута, па се повреди

Еден од столбовите на тимот на Барселона ќе паузира најмалку шест недели. Шпанскиот репрезентативен играч од средниот ред Педри го повреди мускулот на левата нога на последното „Ел Класико“. Педри не можеше

Мицкоски: Карпошани избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање околу заедничката фотографија на Маја Мојсовска и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош Сотир Лукровски и дали постои договор за поддршка,
Go toTop